Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска
СПОРТ

Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска

Објавено April 13, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Македонските ракометарки загубија од Полска со 21-23 во реваншот од плејофот за пласман на Светското првенство (СП), откако и во првиот меч беа поразени со 18-22.

Полска го отвори мечот со мини-серија од 2-0, по што Македонија го возврати ударот (3-3). Жестоката борба продолжи и во останатиот дел од првото полувреме, а македонските ракометарки успеаја и да поведат со 8-7, по што се играше гол за гол до 10-10.

Гостинските ракометарки постојано го одржуваа водството во второто полувреме од еден гол, додека Македонија успеа да израмни неколку пати, но пропушти шанса повторно да го преземе водството.

Македонија во финишот пропушти неколку шанси, кои знаеше да ги казни Полска и да слави на крајот со 23-21. Најефикасна во македонскиот состав беше Катерина Дамјановска со пет голови, додека Балсам запиша седум погодоци за Полска.

Македонската женска репрезентација последен пат на Мундијал настапи во далечната 2007 година во Франција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Цветници
Следна Статија Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Кристијано Роналдо е најплатен фудбалер во светот

Фудбалерот на Ал Наср и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во светот во оваа календарска 2024 година.…

October 18, 2024
СПОРТ

Mуслиманот Салах позираше пред божиќна елка

Египетскиот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах се најде на удар на навивачите откако објави семејна фотографија пред новогодишна елка. Триесет…

December 26, 2024
СПОРТ

Meдведев главен фаворит на АО

Поранешниот светски рекет број еден, Даниил Медведев се надева дека ќе ја запре доминацијата на младите Јаник Синер и Карлос…

January 10, 2025
СПОРТ

Алкалоид и Вардар ремизираа во дербито на Суперлигата

Во еден драматичен натпревар екипите на Алкакоид и Вардар 1961 одиграа реми 26:26 во рамките на плеј-офот од македонската ракометна…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?