Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новата Универзална сала ќе има 1.200 седишта, нова просторна акустика и ќе биде енергетски ефикасна, планирано е изградбата да заврши до крајот на 2027 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новата Универзална сала ќе има 1.200 седишта, нова просторна акустика и ќе биде енергетски ефикасна, планирано е изградбата да заврши до крајот на 2027 година
МАКЕДОНИЈА

Новата Универзална сала ќе има 1.200 седишта, нова просторна акустика и ќе биде енергетски ефикасна, планирано е изградбата да заврши до крајот на 2027 година

Објавено September 15, 2025 13:50
Сподели
Сподели

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.

 

Проектот, кој беше преземен од Град Скопје, е задржан во делот на идејното архитектонско решение, а изработката е дело на проектантот Бујар Муча. Во конструктивниот дел беа направени измени врз основа на насоките од испитувањата што Министерството за култура и туризам ги побара како неопходност што произлезе од пожарот на објектот, извести Министерството за култура.

Она што е особено значајно во решението е дека ќе се задржи постојната форма за почитување на колективната меморија, Универзалната сала ќе располага со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, како: HVAC, сценска механика, ЛЕД-осветление, аудио-видео и електрични инсталации. Предвидени се и нови современи материјали и во ентериерот и во екстериерот, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а е изработено и современо, атрактивно партерно и хортикултурно решение.

Очекувањата се до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор по што ќе почне изградбата на Универзалната сала по системот клуч на рака. Планирано е изградбата да биде завршена до крајот на 2027 година, а од 2028 година Универзалната сала ќе биде подготвена да биде дел од програмата „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра, соопшти Министерството за култура.

„Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, идентитетот и во иднината на Скопје. Универзалната сала ќе стане модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво, достапна за сите граѓани. Со нејзината изградба создадовме предуслови Скопје да го зачува духот на својата културна традиција, но и да ја зајакне својата улога како европска престолнина на културата за 2028 година“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога (ВИДЕО)
Следна Статија Ќе се олеснува кредитирањето при купување прв стан, вели Славески

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Воената опрема донирана од Турција даде голема поддршка на нашата одбрана

Во ова ексклузивно интервју со министерот за одбрана Владо Мисајловски за Фокус+, разговараше за витални прашања како што се регионалната безбедност,…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот на бугарската „слаткоречивост“ не ѝ верува

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари утре ќе поднесе оставка

Министерот за здравство Арбен Таравари за ТВ 24 вели дека тој ќе ја поднсесе оставката утре. Очекува за останатите негови…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитки за ЖАНЕ, СРАМ ЗА ПРАВОСУДСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА (ФОТО)

Честитки за Снежана Лупевска, директорка во Телма ТВ, да го најде, да разговара и да се фотографира со најбараниот криминалец…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?