Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник
ЕКОНОМИЈА

Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник

Објавено April 3, 2025 18:56
Сподели
Сподели

Потребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а меѓународните стандарди како темел за доверба и одржлив развој. Истовремено, вложувањето во новата генерација професионалци и поддршката за нивниот професионален развој претставуваат клучна инвестиција во иднината на професијата.

Ова се дел од главните пораки упатени на втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители што денеска се одржува во Скопје, во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). На конференцијата учествуват околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, како и претставници од релевантни домашни и меѓународни институции, организации, од академската заедница и деловниот сектор.


„Оваа конференција е многу повеќе од само уште еден професионален собир. Таа е заедничка платформа преку која се гради иднината на сметководството во нашата земја – заснована на интегритет, квалитет, дигитализација и регионална и меѓународна соработка“, рече во своето обраќање на отворањето на конференцијата претседателката на ИСОС, Весна Прентоска. „Сметководствената професија се наоѓа на прагот на суштински промени. Нашата улога денес оди подалеку од традиционалните функции на пресметка и евидентирање – ние сме советници и партнери во управувањето со финансиите, во донесувањето стратешки одлуки, во управувањето со ризици и во обезбедувањето транспарентност и доверба во бизнисите, институциите и организациите“, истакна Прентоска.

Панел-дискусиите во рамки на конференцијата се посветени на имплементацијата на Меѓународните сметководствени стандарди и ESG принципите во финансиско известување, како и улогата на младите професионалци во новата ера на сметководството. Еминетни практичари од земјата и регионот ќе ги презентираат најдобрите практики и модели за примена на вештачката интелигенција и алатките за анализа на податоци од голем обем (Big Data) кои можат да придонесат за поголема ефикасност, прецизност и стратешко одлучување во сметководството, адаптирано на потребите на современото деловно опкружување.

Во фокусот на дискусиите на конференцијата се и прашањата околу тоа како да се одржи суштината на сметководствената професијата, што ја сочинуваат етиката, точноста и независноста, во услови на брзи технолошки промени. Посебно внимание ќе биде посветено на учеството на студентите од Катедрата за сметководство и ревизија на Економскиот факултет при УКИМ, кои е предвидено активно да се вклучуваат во дискусиите.

„Присуството на младите на оваа конференција е силна порака дека иднината на професијата е во сигурни раце. ИСОС ќе креира простор за активно учество на студентите и младите професионалци во новата ера на сметководството во нашата земја – преку модели за собирање на нивните предлози и размислувања, но и преку можности за учење и развој на практични вештини кои ќе им помогнат на патот нивниот професионален развој“, порача претседателката на ИСОС.

Конференцијата се очекува да ја затвори министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Конференцијата е дел од пошироките напори на ИСОС за континуирана едукација, регионална и меѓународна соработка и зајакнување на професионалните капацитети и угледот на сметководствената професија во нашата земја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џеј Ди Венс за царините: Да, ова е голема промена, но ни треба
Следна Статија Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

По отпуштањето во Министерството за правда, Вашингтон е широко отворен за спојувања

Популизмот на кампањата на Трамп изгуби битка со базичниот либерален републиканизам. Дали тоа воопшто беше реално?

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

САД и Кина се согласија околу сопственоста на ТикТок

Американските и кинеските претставници постигнале рамковен договор за префрлање на апликацијата за кратки видеа ТикТок во сопственост контролирана од САД,…

September 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со сопственикот на „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во Давос се сретна со раководството на 4iG, компанијата која доби дозвола за трет мобилен оператор. Денот…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре на собраниска седница

Во Собранието се очекува утре да почне расправата по Дополнетиот предлог на буџет на Република Македонија за 2025 година, како…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?