Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Џеј Ди Венс за царините: Да, ова е голема промена, но ни треба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Џеј Ди Венс за царините: Да, ова е голема промена, но ни треба
СВЕТ

Џеј Ди Венс за царините: Да, ова е голема промена, но ни треба

Објавено April 3, 2025 18:42
Сподели
Сподели

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека новите царини што ги објави Доналд Трамп се „голема промена“, но и неопходен пресврт за американската економија.

– Се задолжуваме кај кинеските земјоделци за да го купиме она што истите тие фармери го произведуваат. Тоа не е рецепт за просперитет, ниски цени, ниту добри работни места во Америка, изјави Венс за Фокс њуз, критикувајќи го моделот на глобалистичка економија за кој тој тврди дека ги довел САД до голем долг и зависност од странско производство.

– Во моментов, претседателот Трамп ја води економијата во друга насока, на тоа ја засноваше кампањата, тоа е она што го вети и сега го исполнува. Да, ова е голема промена, нема да кријам. Но, нам ни требаше голема промена, додаде тој.

Венс истакна дека администрацијата „напорно работи“ на намалување на цените, но предупреди дека промените нема да се случат преку ноќ. Тој исто така рече дека високите цени ќе бидат резултат на инфлацијата од мандатот на Бајден, а не на постапките на Трамп.

За најавените даночни намалувања рече дека не ги гледа како компензација за царините, туку како дел од „тотален пресврт“ што ќе ги награди американските работници и компании.

– Пораснав во семејство кое често живееше од плата до плата и знам дека многу Американци се плашат од зголемените трошоци за живот. Ние се бориме да го промениме тоа, заклучил тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање
Следна Статија Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп води во Висконсин со 89% преброени гласови

Доналд Трамп води со 120.000 гласови во Висконсин, со скоро 90% преброени гласови во оваа клучна држава. Висконсин има 10…

November 6, 2024
СВЕТ

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –…

August 17, 2025
СВЕТ

Како да се однесувате во војна? Во Шведска, Финска и Норвешка се делат брошури…

Милиони Швеѓани почнаа да добиваат брошури со совети за населението како да се подготви и да се однесува во случај…

November 18, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Разорни ветрови во Нов Зеланд, училиштата затворени, населението е повикано да остане во затворен простор

Училиштата беа затворени, а летовите откажани откако главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, беше погоден од најсилните ветрови за повеќе…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?