Најмалку пет лица досега се измамени од осумчлена организирана група што на наводни сателитски снимки „видела“ закопано злато и успева да ги убеди домаќините дека токму во неговиот двор има ќупови полни со злато, а за да го добијат, се разбира, треба да платат „само“ 6.000 евра аванс, пишува МКД.мк
На Јаким Спасовски од Кратово му покажале сателитски снимки на кои наводно се гледа дека токму во неговиот двор има огромно богатство, златото на Константин и Елена – 13 ќупа и три сандаци полни со злато.
Еден месец членовите на бандата го убедувале Јаким дека се сериозни луѓе, дека еден од нив е полицаец од Скопје, дека целата работа е легална, дека ако се најде богатството, државата ќе си го земе своето, ама на него „според закон“ ќе му останат 10 отсто, што е сосема доволно за богат живот за сите… и дека тие досега во разна опрема вложиле повеќе од 120 илјади евра. Но – за да почнат да копаат, Јаким треба да им плати 6.000 евра за 12-те „снимки“ од „американски сателит“.
„На крај се согласив“, раскажува Јаким.
Извор: МКД.мк