Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови детали за убиството во Штип: Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Нови детали за убиството во Штип: Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил
ХРОНИКА

Нови детали за убиството во Штип: Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил

Објавено May 10, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица се осомничени за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сите осомничени се турски државјани, од кои тројца имале пријавено престојувалиште во Штип, додека извршителот на убиството и еден од помагачите биле без пријавен престој во државава.

Постои осовано сомнение дека првоосомничениот 21-годишник, на почетокот на месецов во Скопје, од непознато лице за сума од 1.100 евра купил пиштол со калибар од 9мм, со избришани податоци за модел и сериски број.

Потоа со тој пиштол, на 8 мај во вечерните часови, во кафе-бар во Штип, со умисла и од безобѕирна одмазда лишил од живот едно лице, исто така турски државјанин со престој во Штип.

Преку мобилни апликации се договориле со жртвата да се сретнат за наводно да ги надминат долготрајните недоразбирања меѓу нив. Но, по 15-минутен разговор во угостителскиот објект, осомничениот влегол во тоалетот и веднаш излегол, па на вратата која го дели отворениот од затворениот дел од кафулето го извадил пиштолот и испукал неколку куршуми во правец на оштетениот, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои подоцна починал.

Истата вечер, останатите четворица осомничени – тројца мажи и една жена, сите на возраст од 22 до 28 години, му помогнале на сторителот по извршеното кривично дело за кое е запретена казна доживотен затвор.

На точно неутврдена локација во Штип го качиле во автомобил БМВ со кој управувала осомничената девојка и сите заедно се упатиле кон Скопје. Кај наплатната станица Миладиновци на автопатот Штип-Скопје биле пресретнати и запрени од полициска патрола и се дале во бегство, но биле уапсени.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат
Следна Статија Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР со детали за големата акција: Екс директор на затвор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица…

February 27, 2025
ХРОНИКА

Обвинителките Јосифовска и Стојковиќ: Лопатата на Велибор Манев докажува дека планот бил да се убие Вања

Се работи за користoљубие, од самиот почеток до извршувањето на делото. Обвинетите заедно се договарале и координарирале за да ги…

May 16, 2025
ХРОНИКА

Масовна тепачка во Ѓорче, нападната и малолетничка која имала здравствени проблеми

На 16.12.2024 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред…

December 17, 2024
ХРОНИКА

Дедо доби кривична – мачел животни

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, поднесе кривична пријава против К.Д.(78) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?