Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври, МВР ќе ги информира граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври, МВР ќе ги информира граѓаните
Blog

Нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври, МВР ќе ги информира граѓаните

Објавено September 9, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат навремено и целосно информирање на граѓаните за новите правила при патување во ЕУ, што според најавите стапуваат во сила од 12. следниот месец, за да нема застои на патните премини.

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска на новинарско прашање посочи дека се во постојана комуникација со европските партнери и оти според првичните најави и сегашната европска регулатива, граѓаните ќе пополнуваат онлајн апликации.

– Разговараме на дневна основа како сето тоа да биде олеснето и подостапно за нашите граѓани. Се согласувам, најголем проблем може да бидат патните премини кај нашите соседи кои се дел од Европската унија. Затоа, наша обврска е да ги информираме граѓаните комплетно, какви апликации треба да поднесат. Според сегашната регулатива, оваа апликација ќе биде онлајн, сето тоа ќе одзема време, ќе биде кратко, но ќе биде со важност од две години. Такви се првичните најави, но кога ќе ги добиеме официјалните  информации од ЕУ ќе бидат споделени со граѓаните. Таа регулатива е на ЕУ а ние сме должни да ја почитуваме, рече Јанев, кој присуствуваше на настан за замена на регистарските таблици на службените возила со нови, специјални, во боја.

Според последните информации, системот за влез/излез (EES) ќе почне на 12 октомври 2025 година. Постепено, во период од шест месеци ќе го имплементираат 29 европски земји (25-те членки на ЕУ дел од Шенген зоната, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а со целосната имплементација да започне од 10 април 2026 година, од кога електронски ќе се пресметуваат деновите на престој. Во овој момент преку вториот систем, ETIAS, не е потребна никаква акција од страна на патниците, а Европската Унија ќе информира дополнително за конкретниот датум за почеток на ETIAS неколку месеци пред неговото лансирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен
Следна Статија Весна Бејби ги „подбра“ градоначалниците: Цеца, Марија… со наши пари! Па генерализираат тоа сакала публиката!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (…

October 19, 2024
ХРОНИКА

Починато лице пронајдено во семејна куќа во Скопје

На 18.12.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево…

December 19, 2025
Blog

„OpenAI“ ја одби понудата на Маск од над 97 милиони долари

Компанијата „OpenAI“, позната по својата програма за вештачка интелигенција ChatGPT, во петокот ја отфрли понудата од 97,4 милијарди долари од…

February 15, 2025
Blog

Пазарот на криптовалути „во црвено“ – паѓа вредноста на биткоинот

Вредноста на биткоинот во средата падна за 5,3 отсто на 92.664,16 евра на најголемата светска берза за криптовалути Binance, а…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?