Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
ЗДРАВЈЕ

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Објавено June 29, 2025 13:15
Сподели
Сподели

Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

Болницата во Куманово нема да остане без операции, тој предизвик не е само за таа болница, туку и за цела Македонија, но и внатре во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза”. И тука, од една во друга клиника, во овој кампус, исто така, правиме таков тип на хоризонтална мобилност на профилите. Тоа се случува бидејќи досега за жал креирани политики во здравството биле само врз основа на семејни или другарски односи, а не врз основа на реални потреби што Министерството ги има за стручен кадар, рече тој.

Тој рече дека набрзо ќе се отворат нови места за што има потреба.

Ние набрзо ќе отвориме уште 300 слободни места за специјализанти, во профили од кои навистина имаме потреба. Немаме радиолози во државата, па затоа и таму се случува пациенти да чекаат со денови за резултати за читање на слики. Триста веќе беа објавени и се завршени, а 300 ќе се објават од наредната недела, додаде Алиу.

Тој истакна оти битно е дека профилот мора да биде компатибилен со потребите на здравствениот систем.

Ќе инсистираме на тоа, истакна министерот Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција
Следна Статија Шукова: Нов сомнителен коруптивен тендер во МВР за лиценца за возачки испити, завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија

Поради околинските чинители, меѓу кои еден од најважните е аерозагадувањето, стареењето на мозоците во Македонија е повеќекратно забрзано, што пак…

September 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, Клиниката во Козле е полна

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти,…

January 9, 2026
ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Срцева: Од овој понеделник започнуваме со отворени денови за директна комуникација со пациентите

Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар започнува со отворени денови секој втор понеделник, почнувајќи од…

December 15, 2024
ЗДРАВЈЕ

Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим

Тетовецот Иво Бошкоски, кој со години гради успешна кариера како доктор во Италија, е пионер во медицинскиот третман на прекумерната…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?