Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ново откритрие на македонските археолози – родниот град на Евридика, бабата на Александар Македонски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ново откритрие на македонските археолози – родниот град на Евридика, бабата на Александар Македонски
МАКЕДОНИЈА

Ново откритрие на македонските археолози – родниот град на Евридика, бабата на Александар Македонски

Објавено April 21, 2025 15:10
Сподели
Сподели

Во близина на битолското село Црнобуки археолозите открија остатоци од одамна изгубен антички град. Артефактите пронајдени на локацијата го датираат градот од времето на животот на Александар Велики, иако некои експерти сугерираат дека луѓето можеби ја окупирале областа уште во бронзеното доба.  Античкиот град можеби е изгубениот главен град Линкус – родното место на Евридика, бабата на Александар Македонски, објаво Мкд.мк

Пред ова откритие археолошкиот локалитет Градиште беше означен како воена станица од 3 век п.н.е. во времето на кралот Филип V. Но последните откритија на заедничкиот истражувачки тим на НУ Заводот и музеј-Битола и Државниот политехнички универзитет во Калифорнија, Хумболт (Кал Поли Хумболт) открија многу подлабока историја.

Овие истражувања почнаа со употребата на Лидар радарот чии сигнали продираат длабоко во земјата. Првите ископувања покажуваат дека тука имало жив урбан центар од бронзеното доба (околу 3.300–1.200 п.н.е.). Тука досега се пронајдени камени секири, фрагменти од керамика, алатки за обработка на текстил, па дури и фрагмент од глинена карта за театар – предмети што укажуваат на богато, софистицирано општество.

Првите наоди беа регистрирани пред 15 години и местото било идентификувано како утврдување изградено од кралот Филип V Македонски за одбрана од Рим. Но, резултатите од скенирањето со Лидар открија цел град под земја. Меѓу откритијата се наоѓаат монети од времето на Александар Велики, што ја поместува хронологијата на градот наназад до 325–323 година п.н.е.

Пронајдените предмети  укажуваат на богато, софистицирано општество. Само акрополата се простира на површина од околу 28.000 квадратни метри.

Професорот по антропологија и археолог од Кал Поли Хумболт Ник Ангелоф сугерира дека градот можеби бил изгубената престолнина на кралството Линкус и можно родно место на кралицата Евридика I, бабата на Александар Велики. Откритието фрла ново светло врз комплексните мрежи на моќ и трговија во античка Македонија.

„Ова е откритие кое се случува еднаш во животот. Тоа ги истакнува сложените мрежи и структурите на моќ на античка Македонија, особено со оглед на локацијата на градот долж трговските патишта до Константинопол. Дури е можно историските личности како Октавијан и Агрипа да поминале низ областа на нивниот пат да се спротивстават на Клеопатра и Марк Антониј во битката кај Акциум“, додаде Ангелоф.

„Тоа е цивилизација која одигра голема улога во денешното разбирање на светот и желбата да се поврзат различни цивилизации и култури. Тоа е цивилизација која одигра голема улога во денешното разбирање на светот и желбата да се поврзат различни цивилизации и култури. Сите овие студии се само мал дел од истражувањето на раните европски цивилизации. Јас го гледам како голем мозаик, а нашите студии се само неколку камчиња во тој мозаик. Со секоја наредна студија се поставува ново камче, додека еден ден не ја добиеме целата слика“, вели Енгин Насух, кустос-советник археолог во НУ Заводот и музеј-Битола.

Во VII век п.н.е., Линк бил главен град на Линкестида горномакедонска област што се протегала по средниот тек на р. Еригон (Црна), во јужниот дел на Пелагонија (Битолско-леринската рамнина), со планината Баба на запад, јужниот дел на висорамнината Мариово и Кајмакчалан на исток.  Тука живеело горномакедонското племе племе Линкести. Линк бил родното место на Евридика, бабата на Александар Македонски. Синот на Евридика, Филип II Македонски, го освоил Линк во 4 век п.н.е., внесувајќи ја независната држава во Кралството Македонија. Ова ја постави сцената за неговиот син Александар Македонски да стане крал на македонската империја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Охридските компании се соочуваат со недостиг на кадар
Следна Статија Во Германија забележано неверојатно поскапување: Цените на чоколадата и чоколадните јајца се искачени до небо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Две струмички фирми казнети по 9500 евра – не го почитувале законот за управување со отпад

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на Фејсбук објави дека две фирми и нивните управители ќе добијат прекршочни платни налози бидејки…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби „заигра“ фудбал во Вевчани

Не во Албанија, уште помалку во Косово. Бегалецот од правдата Артан Груби вчера веше во Вевчани. И не се криеше…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гордан Георгиев: Или сега или никогаш – Македонија мора да се промени длабоко одвнатре

Познатиот граѓански активист и интелектуалец Гордан Георгиев испрати силна порака до јавноста по трагедијата во Кочани, повикувајќи на длабока лична…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил напиша дека имал чест да учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП),…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?