Фудбалерите на македонскиот првак вечерва претрпеа пораз од летонскиот шампион Рига со 2:3 во првиот дуел од второто квалификациско коло од Конференциската лига одигран во Скопје. „Црвено-црните“ на тој начин со негатива ќе патуваат на реванш дуелот.
Натпреварот почна добро за Вардар бидејќи во 28.минута дојде до водство од 1:0 со голот на Диего Кастенада. Но, предноста траеше само седум минути бидејќи Рига преку Орландо Гало изедначи на 1:1. Гостите во 39.минута имаа предност од 2:1, а стрелец на голот беше Иаго Сигуеира.
Вардар успеа да изедначи во 66.минута со голот на Герсон Родригес, а голот за победа за екипата на Рига го постигна Иаго Сигуеира во 81.минута што беше негов втор гол на натпреварот.
Реванш натпреварот се игра на 28.јули (вторник) во Рига
