Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скандал во Куманово: Заклучени гости, навреди и хаос по мечот меѓу Струга и Башкими
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Скандал во Куманово: Заклучени гости, навреди и хаос по мечот меѓу Струга и Башкими
СПОРТ

Скандал во Куманово: Заклучени гости, навреди и хаос по мечот меѓу Струга и Башкими

Објавено April 19, 2026 18:49
Сподели
Сподели

Ужасно „трето полувреме“ се одвиваше попладнево на стадионот во Куманово, откако фудбалерите на Струга убедливо го совладаа Башкими. Веднаш по последниот свиреж, ситуацијата ескалирала во сериозен инцидент – прво со кошкање меѓу играчите на теренот, а потоа и со директен притисок врз гостинската екипа.

Според информации од таборот на стружани, челниците на домашниот клуб влегле во конфликт со нивните фудбалери, ги навредувале и – како што тврдат – ги заклучиле во соблекувалната.

Од Струга велат дека физички напад немало, но нагласуваат дека безбедноста им била сериозно загрозена и дека биле изложени на жестоки навреди и пцовки.

Поради страв од дополнителна ескалација, гостинската екипа побарала интервенција од специјалните полициски сили, со цел безбедно да го напушти стадионот, а потоа и Куманово.

За Башкими, ова е уште еден сериозен удар по имиџот по враќањето во Првата лига. Клубот и претходно беше посочуван во контекст на сомнежи за местење натпревари, за што се соочува со строги санкции и истраги од ФФМ, УЕФА и надлежните институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски граѓанин нападнал и киднапирал старец во Хрватска
Следна Статија Партијата на Румен Радев е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Спремете се за уште еден ракометен спектакл вечерва

Данска и Португалија ќе играа вечерва во 20.30 часот во Баерум кај Осло, во полуфиналето кое ќе даде одговор која…

January 31, 2025
СПОРТ

Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија

Напаѓачот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо ги критикуваше фудбалерите кои одбиваат да играат за националниот тим. -Кога…

November 13, 2024
СПОРТ

ФК Вардар и ФК Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани

Со цел да се соберат парични средства за семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани, балканските фудбалски великани Вардар…

March 18, 2025
СПОРТ

Дејан Георгиевски освои злато за Македонија

Дејан Георгиевски, нашиот спортски херој од ОИ во Токио, успеа на Македонија да донесе ново злато во таеквондо и уште…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?