Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов обид на Комитетот за надворешни работи на ЕП за усвојување на Извештајот на Вајц за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нов обид на Комитетот за надворешни работи на ЕП за усвојување на Извештајот на Вајц за Македонија
МАКЕДОНИЈА

Нов обид на Комитетот за надворешни работи на ЕП за усвојување на Извештајот на Вајц за Македонија

Објавено June 24, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц. 

Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во дoкументот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш образложи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламенто

– Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни, изјави Вајц.

Во Извештајот на Вајц се нагласува потребата од одржување на моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција и се посочува дека земјава продолжува да покажува посветеност на евроинтеграцијата и усогласеност со политиките на ЕУ. Се повикува на брз напредок во преговорите за членство во ЕУ и спроведување на уставните измени. Во документот постојат неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.

Во пресрет на гласањето за извештајот во ЕП, премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува Извештајот на Вајц да биде усвоен и да се прати силна порака за македонскиот идентитет и јазик. Вели дека изминатиов период имало силен притисок од бугарски европратеници за измена на овој извештај во кој се говори за посебноста на македонскиот идентитет и јазик.

– Деновиве добив вознемирувачки информации за една силна активност на одредени политичари во Брисел. Успеавме да го амортизираме ударот, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик. Сепак, огромното мнозинство таму застанува зад нашите аргументи. Ние ќе се бориме против оние кои што изминатите седум години ја ограбија и понижија државата, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека откако ја добил информацијата за таквите настојувања на на бугарските европратеници во Брисел, имал организирана активност со министерот за надворешни работи, при што успеале да го амортизираат обидот за нов удар врз македонскиот идентитет и јазик.

-Јас успеав да контактирам со сите од Брисел и мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ. За жал, постојат и такви членови на Европскиот парламент, но среќа за нас што огромното мнозинство таму, застануваат зад нашите аргументи. Ние ќе се бориме против оние кои што изминатите седум години ја ограбија и понижија Македонија, рече Мицкоски.

Седницата на Комитетот за надворешни работи, според дневната агенда објавена на веб страницата на ЕП, треба да почне во 9 часот, а Извештајот на Томас Вајц за земјавата е прва точка за разгледување и гласање. Бугарски европратеници имаат поднесено амандмани, а дел од нив бараат и воопшто да не се презентира.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија
Следна Статија Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

155.000 гледачи го следеа отчетот на Мицкоски за една година Влада:Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!

Над 155.000 граѓани го следеа на Фејсбук отчетот на премиерот Христијан Мицкоски по повод една година од формирањето на Владата.…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС: Малолетниците вандали ќе вршат општокорисна работа, а ќе им се придружат и родителите

ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари утре ќе поднесе оставка

Министерот за здравство Арбен Таравари за ТВ 24 вели дека тој ќе ја поднсесе оставката утре. Очекува за останатите негови…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Требаше да прескокаш трупови, за да влезеш во болницата: Брат на повредена во дискотеката на смртта, со потресно сведоштво

Брат на девојче (16) кое е повредено во невидениот пожар во дискотека во Кочани, во кој загинаа најмалку 51 лицe,…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?