Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов протестен марш во Кочани: Ќе ги прикривавте ли соучесниците ако ова беа ваши деца?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нов протестен марш во Кочани: Ќе ги прикривавте ли соучесниците ако ова беа ваши деца?
МАКЕДОНИЈА

Нов протестен марш во Кочани: Ќе ги прикривавте ли соучесниците ако ова беа ваши деца?

Објавено April 26, 2025 16:11
Сподели
Сподели

Денеска во Кочани се одржа нов протестен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ како последица на пожар кој се случи на 16 март, наслов „Задоцнета реакција“.

Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на револуцијата, се движеа кон трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани.

Тие го изразија својот револт кон институционалното работење.

Маршот продолжи кон МВР при што им посочија дека задоцниле со реакција во секоја смисла на зборот.

– Сите вие кои сте одговорни за системот во државата, кои мудро ја одбегнувате одговорноста за најголемата трагедија од европски рамки што се случи во Кочани. Ние родителите на починатите деца би сакале барем за миг да бидете во нашата кожа, да може да ја почувствувате раскинувачката болка која ние ја чувствуваме, можеби тогаш ќе ја почувствувавте сериозноста и болната ситуација во која се наоѓаме. Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот ако убиените деца беа ваши деца – праша една од мајките.

Протестот заврши пред Основен суд, каде граѓаните побараа отчет за сработеното и неселективна правда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Погребан папата Франциск
Следна Статија Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еден осуденик ја чини државата околу 1000 евра, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов вели дека еден осуденик, месечно ја чини државата околу 1.000 евра.…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Божиќ ја симболизира животворноста на верата и надежта, како суштински за човековата природа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод утрешниот големи христијански празник Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски автобус удри во банкина во Србија

Македонски автобус останал заглавен во снежните наноси откако се излизгал и удрил во банкината вчеравечер на автопатот А5 кај Појате…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?