Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов случај на мачење на куче во Крива Паланка: Врзано и влечено од автомобил, па фрлено во речно корито, го спасиле пожарникари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Нов случај на мачење на куче во Крива Паланка: Врзано и влечено од автомобил, па фрлено во речно корито, го спасиле пожарникари
ХРОНИКА

Нов случај на мачење на куче во Крива Паланка: Врзано и влечено од автомобил, па фрлено во речно корито, го спасиле пожарникари

Објавено August 14, 2025 10:19
Сподели
Сподели

Нов случај на мачење на куче, повторно во Крива Паланка. Вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како куче е врзано за автомобил и е влечено од автомобилот во движење. Случајот е на пат во околината на Крива Паланка.

Граѓаните револтирани бираат правда за животните кои се малтретирани од страна на сопствениците.

Неофицијално кучето е спасено, а надлежните го пронашле лицето-сторител.

– За среќа, благодарение на брзата интервенција на МВР и АХВ кучето е најдено, одземено, згрижено и е во стабилна состојба. Доколку некој сака да го вдоми, може да се отпочне со процедура следната недела додека да закрепне од траумата. Лицето кое го изврши ова грозоморно дело е идентификувано и против него ќе бидат преземени соодветни постапки и од страна на АХВ и од страна на МВР, се наведува во фејсбук објава.

Ова е втор случај, откако, во мај јавноста „се крена“ за кучето кое беше влечено од автомобил во движење на автопатот во Крива Паланка. Тогаш беше поднесена кривична пријава до 23-годишниот сопственик на кучето од Крива Паланка.

 

Од Противпожарната екипа на Крива Паланка информираат дека кучето кое било малтретирано, потоа било фрлено во коритото на Крива Река од каде го спасиле двајца пожарникари.

– По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од 2 пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање на надлежните институции, кое по претходно малтретирање било фрлено во коритото на Крива Река. За жал уште една немила ситуација на изживување и измачување на животните!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Научниците од Харвард утврдиле дека литиумот има влијание на здравјето на мозокот- лекува ли Алцхајмер?
Следна Статија Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во Прилеп се зголемува семејното насилство

Бројот на случаи на семејно насилство во Прилеп се зголемува. Според податоците од прилепскиот Центар за социјални работи, за 10…

October 25, 2025
ХРОНИКА

Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата, сведокот Трајковски и натаму недостапен

Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неосновано барањето за изземање на судијата Ивица Стефановски, поднесено од првообвинетиот Љупчо Палевски…

January 20, 2025
ХРОНИКА

МВР со кривични пријави против 23 лица во акцијата „Адитив“ за злоупотреба и перење пари

Kривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, перење…

December 10, 2024

Две лица загинаа, а три се повредени во сообраќајна несреќа

Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина…

November 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?