Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НОВ СРАМ ВО СУДСТВОТО: Потврдени ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР за смртта на младата Теодора – семејството со длабока болка и бес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > НОВ СРАМ ВО СУДСТВОТО: Потврдени ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР за смртта на младата Теодора – семејството со длабока болка и бес
МАКЕДОНИЈА

НОВ СРАМ ВО СУДСТВОТО: Потврдени ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР за смртта на младата Теодора – семејството со длабока болка и бес

Објавено September 23, 2025 12:28
Сподели
Сподели

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово за двегодишната затворска казна за Менсур Пајазити.

Обраќањето го пренесуваме во целост.

„Ние, семејството на Теодора Ристовска, со длабока болка и бес ја известуваме јавноста: Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово, со која обвинетиот Менсур Пајазити од с. Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на само ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР за кривичното дело што го одзеде животот на нашата ќерка и сестра.

Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши.

Обвинетиот во жалбата се повикува на интересот на јавноста и на владејачката партија како фактор за “превисоката” казна, но тој интерес е многу природен — затоа што кога млад живот е згаснат, секој е потресен. Ако судството не беше труло и корумпирано, никому немаше да му пречи овој интерес. Наместо правда што ќе донесе мир, добиваме систем кој со својата блага и селективна казна создава уште поголема недоверба и омраза.

Ние не бараме привилегии. Бараме човечност и фер однос — она што му припаѓа на секој граѓанин. Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем.

Го гледаме осудениот како слободно се движи, дури повторно седнува зад воланот, без видливо чувство на вина. За нас, тоа е брутална навреда за сеќавањето на Теодора и за секој кој знае што значи да изгубиш дете, сестра или најблиска личност.

И покрај тоа што понатамошниот правен пат до Врховниот суд зависи од Јавното обвинителство, ние нема да молчиме. Ќе продолжиме да бараме одговорност и да сведочиме пред јавноста дека оваа неправда не смее да остане без последици.

Трагедијата на Теодора ќе остане наша вечна болка. Но срамот на оваа пресуда му припаѓа на правосудниот систем. Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва.

Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие — тоа е нашата вечна рана.

И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами.

Со почит и болка, Семејството на Теодора Ристовска“.

Теодора Ристовска беше смртно прегазена во август 2022 година. На првото судење во ноември 2023 година, по признавањето вина, Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалбата, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укина двете пресуди на Основниот и на Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

Последната пресуда за Пајазити е 2 години затвор, на што јавноста жестоко реагираше, а Судскиот совет побара увид во пресудата и ја оправда

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Никола Пилиќ, поранешниот тренер на Ѓоковиќ
Следна Статија Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?

Утре во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Случај кој…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан,…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мечка со две мали мечиња снимени покрај патот Маврово-Дебар

Снимка од мечка со две мали мечиња, кои се движат покрај патот Маврово-Дебар, објавена вечерва, наиде на симпатии кај граѓаните…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој е Артан Ајрули и фирмите преку чии тендери се крадело од Лотарија

Управата за финансиска полиција вчера поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?