Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Норис ја освои пол-позицијата пред првата трка во сезоната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Норис ја освои пол-позицијата пред првата трка во сезоната
СПОРТ

Норис ја освои пол-позицијата пред првата трка во сезоната

Објавено March 15, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Австралија, со која започнува овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Норис стигна до 10.пол-позиција на патеката Алберт Парк, со круг од 1:15.096, две десетинки пред тимскиот колега Оскар Пјастрi.

Најблиску до двоецот на Мекларен беше актуелниот шампион Макс Ферстапен, кој за речиси половина секунда имаше послаб резултат.

Одлични квалификации се возеа во Мелбурн, каде што возачите на Мекларен беа недофатливи за нивните ривали и создадоа клучна предност пред нив во последниот сектор.

Иако Верстапен водеше, прво Пјастри, а потоа и Норис се пробија пред него и не оставија простор никој да им се закани. Најдобар меѓу останатите беше Џорџ Расел во Мерцедес, пред најпријатното изненадување на квалификациите, возачот на Рејсинг Булс, Јуки Цунода.

Шести најбрз беше Алекс Албон во Вилијамс, пред дуото на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кои дури и се изврте на патеката за време на вториот дел од квалификациите.

Седумкратниот светски шампион ја заврши првата квалификациска сесија во боите на Ферари девет десетинки зад Норис. Топ 10 го комплетираа Пјер Гасли од Алпин и Карлос Саинц Јуниор од Вилијамс.

Трката за Големата награда на Австралија в недела ќе започне во 5 часот по средноевропско време.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада
Следна Статија Трамп: „Бев малку саркастичен“ за запирање на војната во Украина за 24 часа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Шангај

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во второто коло го победи Марин Чилиќ со 7:6, 6:4.…

October 3, 2025
СПОРТ

Дарио Ивановски се пласираше на Светското првенство во Токио

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски и официјално избори место на следното Светско атлетско првенство кое ќе се одржи во септември оваа…

May 13, 2025
СПОРТ

Копачките на новиот селектор на Бразил беа во Скопје

Карло Анчелоти ја презеде селекторската фунцкија во Бразил откако со Реал не успеа да ја освои шампионската титула во шпанското…

June 1, 2025
СПОРТ

Меси не го памети по добро престојот во ПСЖ

Аргентинецот Лионел Меси зборуваше за „Ејпл ТВ“ (еден од главните спонзори на Интер Мајами) за времето поминато во Пари Сен…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?