Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нормализирано е снабдувањето со струја во делови од Скопје, пожарот во Вардариште под контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нормализирано е снабдувањето со струја во делови од Скопје, пожарот во Вардариште под контрола
МАКЕДОНИЈА

Нормализирано е снабдувањето со струја во делови од Скопје, пожарот во Вардариште под контрола

Објавено August 31, 2025 21:58
Сподели
Сподели

Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје, информираат вечерва од Електродистрибуција, откако поради пожар во неколку скопски населби повеќе од три часа имаше прекин на струјата.

„Нашите екипи го нормализираа снабдувањето со електрична енергија за сите корисници засегнати од денешниот прекин во одредени делови од Скопје“,соопштија од компанијата.

Оттаму додаваат дека повторно се вратени во функција далекуводот и трафостаниците „Аеродором“ и „Исток“.

Претходно, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека пожарот што попладнево изби на депонијата во Вардариште е ставен под контрола.

Најави дека жителите на населбите Аеродром, Ново Лисиче, Методија Андонов Ченто, Индустриската зона, Кванташки пазар, Арачиново, Стајковци, Трубарево и Бунарџик постепено ќе почнат да добиваат струја.

Поради пожарот екипите на Електродистрибуција превентивно го исклучија далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“. Оваа мерка беше преземена од безбедносни причини, со цел да се овозможи гаснење на пожарот и да се спречат поголеми дефекти на мрежата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Руско-индискиот енергетски сојуз ги диктира глобалните цени на нафтата
Следна Статија Си и Путин на самитот во Кина: „Партнерство без граници“ против американската доминација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кој му се заканува на Гаши?

Претседателот на Собранието Африм Гаши на службениот мејл добил електронска порака со заканувачка содржина, потврдија од неговиот Кабинет. Заканата што…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови Македонија. Според…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поплавите се повлекуваат, 250 лица и натаму згрижени во Кичево

По обилните врнежи од дожд и снег што во изминатите денови предизвикаа излевања и евакуации во повеќе региони, состојбата постепено…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?