Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Си и Путин на самитот во Кина: „Партнерство без граници“ против американската доминација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Си и Путин на самитот во Кина: „Партнерство без граници“ против американската доминација
СВЕТ

Си и Путин на самитот во Кина: „Партнерство без граници“ против американската доминација

Објавено August 31, 2025 18:03
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за најновите руско-американски контакти, соопшти денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка што се одржува во кинескиот град Тјенџин.

– Да, нашиот претседател, пред сè, многу детално комуницираше, секако, со претседателот на Народна Република Кина. Седеа заедно и можеа активно и многу ефикасно да разговараат. Вклучувајќи, како што ми кажа нашиот претседател, и за најновите контакти со Американците, рече Ушаков.

Претходно денеска, поздравувајќи ги учесниците на самитот, кинескиот претседател изрази уверување дека со заеднички напори на сите страни самитот ќе биде целосен успех и оти Шангајската организација за соработка сигурно ќе одигра уште поголема улога и ќе постигне поголем напредок.

Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно се сретна и со премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, и двајцата лидери најавија воспоставување стратешко партнерство.

Двете страни потпишаа заедничка изјава за воспоставување стратешко партнерство и неколку договори за соработка во областите на пазарен надзор, медиуми и други сектори.

Си Џинпинг истакна дека пријателството меѓу Кина и Ерменија има долга традиција и дека во текот на 33 години дипломатски односи е во постојан раст, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи. Си нагласи дека воспоставувањето стратешко партнерство е значаен момент во историјата на билатералните односи и дека двете страни ќе работат на продлабочување на соработката во различни области.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нормализирано е снабдувањето со струја во делови од Скопје, пожарот во Вардариште под контрола
Следна Статија Македонски параглајдерист го фатило невреме, завршил во Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во областа Монтелцифон во провинцијата Кампобасо, на околу…

November 9, 2024
СВЕТ

Заврши рекордната блокада на Владата на САД

Потписот на претседателот Доналд Трамп го заврши најдолгото затворање на владата на САД во историјата. Трамп го потпиша клучниот буџетски…

November 13, 2025

Осомничениот за нападот на Бонди Плажа спроведувал обука за ракување со оружје со својот татко, велат австралиските полициски служби

Човек обвинет за убиство на 15 луѓе на Sydney's Bondi Beach наводно спроведувал обука за ракување со огнено оружје заедно…

December 23, 2025
СВЕТ

Најмалку 48 загинаа додека чекаа ред за помош во Газа, стравувањата од масовно гладување растат

Најмалку 48 Палестинци беа убиени во израелски напад во текот на ноќта додека чекаа во ред за хуманитарна помош, според…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?