Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинение за Димитровска: Оддавала службени тајни преку Вибер, а испити ѝ полагал ревизор од ДЗР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинение за Димитровска: Оддавала службени тајни преку Вибер, а испити ѝ полагал ревизор од ДЗР
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за Димитровска: Оддавала службени тајни преку Вибер, а испити ѝ полагал ревизор од ДЗР

Објавено July 19, 2025 18:09
Сподели
Сподели

Покренато е обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која се гони за оддавање на службена тајна. Според Обвинителството за гонење организиран криминал, Димитровска, на обвинет во предметот „Адитив“ му доставувала информации кои биле тајни. Тоа го правела со месеци, објави Скопје 1.

„Преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“, службени белешки за отворање на предмет и распределба на член на ДКСК, одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.

Димитровска се гони и затоа што сертификатот за службена тајна го добила откако испитот и го положил ревизор од Државниот завод за ревизија.

„На истата обвинета, претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, и се става на товар и дека со цел да добие Сертификат за положен испит, во август 2024 година од службениот телефон преку апликацијата Viber на третообвинетиот – ревизор во ДЗР, му испратила компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации“, додава ОЈО-ГОКК.

Обвинение има и за ревизорот.

„Третообвинетиот, од службениот електронски уред на Државниот завод за ревизија пристапил од нејзината електронска адреса и во име и за нејзина сметка го положил тестот за класифицирани информации. Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второобвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна“, додаваат од ОЈО-ГОКК.

За обвинетиот ревизор кој полагал во име на претседателката на ДКСК предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. За останатите две обвинети опфатени со поднесените обвиненија активни се мерките определени со започнување на постапката против нив.

Истражната постапка беше отворена кон крајот на месец април како резултат на екстрахираните електронски докази во рамките на предметот „Адитив“.

„Обвинетиот, како член на група, вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија и искористувајќи ист траен однос и исти прилики и околности, на управителките на обвинети правни лица во предметот „Адитив“ им ставил на располагање средства и ги отстранил пречките за кривичното дело. На овој начин им помогнал свесно да ги повредат прописите и да ги изиграат постапките за доделување на договорите за јавни набавки. Во периодот од месец август 2023 до ноември 2024 година, обвинетиот на сопствената денарска сметка уплатил парични средства во вкупен износ од 408.300 денари, а од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања во вкупен износ од 1.963.800 денари. Иако знаел дека средствата правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптек и ги подигнувал во готово, со што ги исполнил битијата на кривичните дела кои сега дополнително му се ставаат на товар“, велат од ОЈО-ГОКК.

Потоа се додава дека: „Во обвинителниот предлог првообвинетата е службено лице – Раководител на сектор во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје која од јули до ноември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“, на друг начин му сторила достапни податоци што претставуваат службена тајна и се однесуваат на севкупното работење на правното лице. Дополнително, откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈОГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата што се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација WhatsApp на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од Известувањето иако сите податоци, документи, известувања и извештаи согласно закон се сметаат за службена тајна и нивно откривање може да има штетни последици за започнатата постапка“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Пендаровски за Лајм ТВ – Нема друга логика освен Милошевиќ да го нарачал атентатот на Глигоров
Следна Статија Шест лица и едно дете завршија на Токсикологија по пожар во стан во Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Брза карго и патничка железница, инвестиции во здравство: Мицкоски соопшти каде ќе се инвестираат парите од договорот со Велика Британија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се одложува воведувањето на правилата за влез во земјите на ЕУ кои требаше да важат и за македонските граѓани

Имплементацијата на новиот систем за влез во земјите од Европската Унија, ЕТИАС, повторно е одложена, а B92.net ја откри причината…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Таткото кој е осомничен за смртта на неговата сопруга и ќерка во тетовско Слатино, пренесен во полициска станица

Таткото кој е осомничен за смртта на неговата сопруга и ќерка во тетовско Слатино, пренесен во полициска станица на испитување,…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова има предлог за иден гувернер на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден…

May 20, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?