Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинетиот го прикажува смртното прегазување на мојот татко Југослав како несреќен случај, вели неговата ќерка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинетиот го прикажува смртното прегазување на мојот татко Југослав како несреќен случај, вели неговата ќерка
ХРОНИКА

Обвинетиот го прикажува смртното прегазување на мојот татко Југослав како несреќен случај, вели неговата ќерка

Објавено December 23, 2025 14:46
Сподели
Сподели

По завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје за случајот во кој беше смртно прегазен 68-годишниот Југослав Николовски, неговата ќерка Маја Бошковска, изјави дека семејството очекува висока и правична казна за обвинетиот Фатон Љури кој на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил Николовски и го напуштил местото на несреќата.

Бошковска истакна дека трагедијата не може да се смета за обичен секојдневен случај и дека семејството и жителите на тој дел од градот не се чувствуваат безбедно, бидејќи, како што рече, нејзиниот татко бил прегазен на „два чекори од нивниот дом“.

–Би сакала повторно да потенцирам дека ова прегазување не е еден обичен секојдневен случај. Се работи за смртно прегазување на мојот татко на пешачка патека, која што се наоѓа пред нашиот дом на живеење, на два чекори од нашиот дом. Таму постојано има деца, родители, значи нема кој нема поминато на тоа место во градот. Не се чувствуваме безбедно едноставно, рече Бошковска.​

Додаде дека обвинетиот се обидува да го прикаже настанот како несреќен случај, но, според неа, тоа не може да се оправда, бидејќи, како што нагласи, обвинетиот Љури возел мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола и без кацига, а по несреќата два дена бил во бегство.

–Обвинетиот вели дека ова е несреќен случај, дека на секој може да му се случи. Не, не може секому да му се случи ако свесно застанеш на таа патека. Тој вози огромен мотор „Кавасаки“ од 1000 кубици, без возачка дозвола, без кацига и го нема два дена, рече Бошковска.​

Во завршниот дел од изјавата, Бошковска изрази надеж дека судот ќе донесе најстрога пресуда и дека правдата ќе биде задоволена. –Очекуваме дека пресудата ќе биде на највисоко ниво и остра. Се надеваме дека ќе има правда, истакна Бошковска.

На денешното судско рочиште беа дадени завршни зборови на одбраната и обвинителството, со што заврши судскиот процес против Љури. Пресудата, ќе биде објавена на 29 декември оваа година.

Во својот завршен збор, бранителот на обвинетиот Љури, адвокат Гоце Ристески, побара Судот да ги земе предвид олеснителните околности што се однесуваат на обвинетиот и неговото семејство, нагласувајќи дека „обвинетиот живее во вонбрачна заедница повеќе од три години и дека неговата избраничка на 9 мај 2025 година во сообраќајна несреќа го изгубила својот брат“.

Во заклучокот, Ристески наведе дека обвинетиот е свесен за својот чин, дал признание и изразил искрено жалење за последиците, додавајќи дека согласно претходната судска пракса, за вакви дела се изрекуваат казни од три и пол до пет години затвор.

Во завршниот збор на обвинителството, пак, јавната обвинителка Маја Џабирева Велков посебно ја нагласи душевната болка на една од ќерките на починатиот, која по несреќата дознала дека го загубила своето бебе во третиот месец од бременоста. Обвинителката подвлече дека казнената политика во вакви случаи треба да придонесе кон изградба на повисоки стандарди на лична одговорност кај учесниците во сообраќајот и затоа нагласи дека „Судот преку заострена казнена политика мора да влијае врз изградбата на високи стандарди за лична одговорност на секој учесник во сообраќајот, како и врз создавањето чувство на безбедност“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грета Тунберг уапсена во Лондон
Следна Статија Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија: Извршени две сложени микрохируршки операции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезна девојка која имала здравствени проблеми

На 21.01.2025 во 12 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Т.(49) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка…

January 22, 2025
ХРОНИКА

Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца во Германија

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија, а насилникот бил македонски државјанин. Како што соопшти Билд ја избодел со месарски…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

Мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот – вработен во едно од обвинетите правни лица и мерки на…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Почина жената што ја прегазија кај Зебра

Жената која предпладнево беше прегазена близу трговскиот центар „Зебра“ во Скопје попладнево почина, соопштија од Ургентниот центар. Како што претходно…

January 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?