Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука
ХРОНИКА

Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука

Објавено January 2, 2026 14:40
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место.

Не можел навремено да запре и со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

За ова кривично дело е запретена затворска казна од најмалку четири години, односно настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Волчја месечина ќе се појави на небото на 4 јануари
Следна Статија Мицкоски: Напредуваат проектите во Железницата, очекувам годинава да биде објавен тендерот за Делница 3

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(Видео) Возач со „голф“ влечеше коњ низ центарот на Скопје, полицијата го идентификуваше

Се огласија од полицијата во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа…

April 18, 2025
ХРОНИКА

23-годишник од Волково обвинет за полови дејствија врз петгодишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 23-годишен маж од скопско Волково, осомничен дека извршил полови дејствија врз девојче…

November 18, 2025
ХРОНИКА

Вработен во гостиварскиот суд барал 100 евра за да избрише судска казна, налетал на новинар кој го снимал

На 20.01.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина…

January 21, 2026
ХРОНИКА

Кривична за двајцата полицајци што не го казнија братот на градоначалникот на Гази Баба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?