Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителката Стојковиќ за таткото на Вања: Немавме докази „во форма каква што би посакале“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителката Стојковиќ за таткото на Вања: Немавме докази „во форма каква што би посакале“
ХРОНИКА

Обвинителката Стојковиќ за таткото на Вања: Немавме докази „во форма каква што би посакале“

Објавено June 25, 2025 18:54
Сподели
Сподели

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска по пресуата даде изјава во која најави жалба на ослободителната пресуда за таткото на убиената Вања Ѓорчевска,.

Таа истакна дека иако немале докази „во форма каква што би посакале“, обвинителството смета дека изјавите на обвинетите се доволни како доказен материјал.

– Кога станува збор за Александар Ѓорчевски, и покрај тоа што судот не ги образложи своите ставови, за нас е очигледно дека само родителите знаеле дека девојчето тој ден ќе оди само во училиште. Двајца од обвинетите сведочеа дека токму таткото ја споделил таа информација, преку Палевски. Без таа информација, не би дошло до киднапирање. Не можевме да го занемариме тој факт. Обвинителството немаше простор за поинаква одлука. Ќе поднесеме жалба и ќе оставиме Апелација да го каже своето – нагласи таа.

Во однос на тврдењата дека обвинетите подоцна ги смениле своите изјави за вмешаноста на Ѓорчевски, Димитриевска рече дека не понудиле никакво логично објаснување за промената.

– Нивните наводи за наводна тортура не се потврдени. Немаше индикации за употреба на сила, а при детална анализа на сите нивни искази, не се утврди ниту едно тврдење дека врз нив било извршено насилство. Според сите критериуми, нивните првични сведочења делуваат како автентични – додаде таа.

Таа подвлече дека она што сега го изложува се базира на докази:

– Сведочењата на двајца обвинети се дел од доказниот материјал. Можеби немаме цврсти, непобитни елементи какви што посакувавме, но поединечната и заедничката проценка на доказите нè доведе до јасна одлука,оцени обвинителката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Одлуката за зголемување на инвестициите во одбраната ќе значи нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата
Следна Статија Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се води во Основен кривичен суд Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен маж од тетовско поради предизвикување пожар

На 20.09.2025 во 16:35 часот, полициски службеници од ПО Групчин го лишиле од слобода Н.И.(70) од с.Чифлик, постапувајќи по претходна…

September 21, 2025
ХРОНИКА

Познат идентитетот на загинатиот возач на обиколницата Скопје – Тетово

Возач го загуби животот откако вчера попладне излетал со автомобил од обиколницата Скопје – Тетово. Полицијата информира дека несреќата била…

March 4, 2026
ХРОНИКА

Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило

Полицијата во Струмица го привела 57-годишниот С.В. од село Дабиле, кој се сомничи дека вчера околу 19 часот одзел куче…

January 13, 2025
ХРОНИКА

Вања била грабната по грешка, требало да биде киднапирана ќерка на сопственик на веледрогерија, открива Манев

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?