Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда
ХРОНИКА

Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда

Објавено June 9, 2025 15:34
Сподели
Сподели

Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото, рече обвинителката Жаклина Трајковска во завршниот збор за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во Основен Кривичен суд Скопје, таа денеска истакна дека ваквите злосторства заслужуваат „не само правна, туку и длабока морална осуда“.
Мотивирани од ветени високи парични суми, како што посочи, обвинетите создале „филмско сценарио, морбиден план“. 

-Со изведените докази обвинителството докажа дека обвинетите го сториле кривичните дела што им се ставаат на товар, нагласи обвинителката.

Поточно, дека обвинетите Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев извршиле две убиства и две грабнувања, додека, Александар Ѓорчевски едно кривично дело грабнување.

Обвинителката посочи дека осудените не покажале ни најмал знак на човечност при грабнувањето на Вања, иако, како што рече, имаат сопствени деца. 

-По убиството на Панче, никој од обвинетите не реагирал со човечко чувство, рече таа.

Обвинителството денеска го прецизираше обвинителниот акт во делот на времето во однос на случувањата на настаните.

Во завршниот збор, обвинителката ги образложи во детали случувањата за кои стануваше збор и во доказната постапка, а во кои се опишани грабнувањата и убиствата на Вања и Панче.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се зголемува цената на дизелот
Следна Статија Кризата ја чинеше германската индустрија 100.000 работни места

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возило „пливаше“ во Треска

Центарот за управување со кризи информира дека од страна на ЦИК при МВР е добиено известување дека патничко возило излетало…

December 29, 2025
ХРОНИКА

Сопственикот на депонијата во Визбегово му го фрлил мобилниот на новинарот во огнот

Сопственикот на отворената депонија во Визбегово, на која на 9 јули гореа авто-делови и го загади воздухот во цело Скопје,…

July 14, 2025
ХРОНИКА

Измамена жена од Кочани- Дошле да „растураат“ магија, земале пари и накит и си заминале

62-годишна жена вчера во ОВР Кочани пријавила дека била измамена од две женски лица. Оштетената тврди дека во двор од…

December 7, 2025
ХРОНИКА

Вандализам во модуларната болница во Штип, уништена е електричната инсталација

Вандализам во модуларната болница во Штип. Уништена е електричната инсталација и клима уред. Непознати сторители саботирале делови од електричната инсталација,…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?