Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството нема да го гони судијата Ферати, оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителството нема да го гони судијата Ферати, оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството нема да го гони судијата Ферати, оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите

Објавено April 8, 2025 11:43
Сподели
Сподели

Јавното обвинителство нема да го гони судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово, затоа што утврдиле дека тој навистина ги преполагал предметите по право, чии претходни оценки беа прешкртани. Откако добил повисоки оценки на Правниот факултет на Тетовскиот универзитет, го постигнал потребниот просек за да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители.

Според Обвинителството, судијата Ферати не прекршил закон.

„По поднесено известување од Државниот просветен инспекторат, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и ја прибави целокупната документација од досието на наведениот студент од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово и од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во прилог на досието беа доставени и материјални докази – барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за 4 предмети, со кои Факултетот потврдува дека во 2014 година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8, по што се пријавил за кандидат на Академијата за судии и јавни обвинители“, изјавиле од Обвинителството за „Скопје1“.

Ваквата информација, додава ЈО, на 31.1.2024 година Државниот универзитет во Тетово ја доставил и до Државниот просветен инспекторат, како дополнување на списите врз основа на кои бил изготвен записникот за извршен инспекциски надзор во јуни 2023 година.

„Имајќи ги предвид доставените документи, јавниот обвинител кој постапуваше во предметот на 10.3.2025 година донесе резолуција со која констатираше дека не се исполнети елементите врз основа на кои би можел да преземе кривичен прогон по службена должност“, додава ЈО.

Судијата Ферати дипломирал како дел од шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Во декември 2023 година Антикорупциската комисија соопшти дека тој се пријавил во Академијата за судии дека има оценка 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88. Комисијата тогаш соопшти дека Државниот просветен инспекторат при контрола во Тетовскиот универзитет утврдил дека во матичната книга кај студентит Ферати има пречкртани 3 оценки, и допишани нови, повисоки оценки. По ова, во септември минатата година беше отворена предистрага.

Судијата Ељведин Фераи е во фокусот на јавноста откако вчера во Основниот суд во Тетово пресуди 2 години затвор на повтореното судење за возачот Менсур Пајазити што на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Семејството на Ристовска е огорчено од ниската казна, која предивика жестоки реакции во јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од „Ланд ровер“ до „Нинтендо“: сѐ повеќе компании ги запираат испораките во САД
Следна Статија Мицкоски: Ова не е правда, јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и да се анализира оваа пресуда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коњановски: Соларните панели ќе донесат заштеди и подобри услови во училиштата

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го претстави успешното завршување на проектот „Сончеви училишта“, со кој шест основни училишта…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Апсурд во македонското судство: За недоспеан долг судијката Бисера Стефковска Митиќ замрзна имот на компанија од 1, 5 милион евра

За недовербата или довербата во македонското судство која е едвај два проценти говори и случајот за недоспаен долг од близу…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со остра реакција на барањето за куќен притвор за Дејан Јованов – Деко

Семејствата на загинатите млади лица остро реагираа по денешното барање на адвокатката Ивана Коцевска за олеснување на мерките куќен притвор…

April 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?