Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од „Ланд ровер“ до „Нинтендо“: сѐ повеќе компании ги запираат испораките во САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Од „Ланд ровер“ до „Нинтендо“: сѐ повеќе компании ги запираат испораките во САД
Blog

Од „Ланд ровер“ до „Нинтендо“: сѐ повеќе компании ги запираат испораките во САД

Објавено April 8, 2025 11:14
Сподели
Сподели

Поради најновите тарифи наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, некои светски компании одлучија привремено да ја прекинат испораката на производи во САД.

Трамп минатата недела воведе основна царина од 10 отсто за целиот увоз, а некои земји се соочуваат со царини до 50 отсто. Многу производители се надеваат на договори за пониски стапки и одлучија да го замрзнат извозот додека не видат до каде одат трговските разговори.

„Јагуар Ланд ровер“ (JLR) објави дека ја паузира испораката на возила во САД бидејќи се обидува да го приспособи својот бизнис на новите царински барања. На сите странски автомобили им беше воведена царина од 25 отсто.

Таа е една од најголемите британски автомобилски компании, која само во третиот квартал на 2024 година извезла приближно 38.000 возила во САД – речиси исто колку на пазарите во Велика Британија и ЕУ заедно.

„САД се клучен пазар за луксузните брендови на JLR. Додека ги разработуваме плановите со деловните партнери, привремено ги запираме испораките во април“, соопшти компанијата.

„Нинтендо“, според The ​​Verge, ги стопира испораките на „Свич 2“ за американскиот пазар, иако конзолата е веќе достапна за нарачка однапред. Конзолата е произведена во Јапонија, која сега се соочува со царина од 24 проценти.

Во соопштението „Нинтендо“ рече дека испораките се одложуваат бидејќи компанијата „го проценува потенцијалното влијание на тарифите и променливите услови на пазарот“. „Свич 2“ треба официјално да биде лансиран во јуни.

Американската компанија „Бејзик фан“, која произведува играчки, изјави за „Њујорк пост“ дека ги запира пратките на сите свои играчки произведени во Кина.

Кина веќе се соочи со царина од 20 отсто, а минатата недела Трамп најави дополнителни 34 отсто и се закани со уште 50 отсто доколку Пекинг не ги повлече контрамерките. Теоретски, вкупната царина за кинески стоки може да се зголеми на 104 отсто.

„Не можам да ризикувам да испраќам стока што би можела да потпадне под високите царини што ги најавува претседателот“, рече директорот Џеј Форман.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Барале и примиле поткуп од 20.000 евра – уапсени директор на здравствена установа и негов посредник
Следна Статија Обвинителството нема да го гони судијата Ферати, оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови

Британската престолнина веќе не е меѓу петте најбогати градови во светот, откако лани изгуби поголем процент милионери од кој било…

April 10, 2025

Missed Potential Or A Campy Classic? Switch 2 Exclusive ‘Tokyo Scramble’ Hasn’t Been A Hit – Nintendo Life

A dino crisis

February 20, 2026
Blog

„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ повлече 114.478 возила во САД поради проблеми со воздушните перничиња, коишто, под одредени околности би…

November 9, 2024
Blog

Android 16 QPR3:픽셀додава адаптивни поставки за поврзливост и батерија

Со Android 16 QPR3, Google воведува попрецизни адаптивни поставки за поврзливост на Pixel телефоните

February 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?