Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
ХРОНИКА

Обвинителството презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево

Објавено September 14, 2025 11:52
Сподели
Сподели

Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија за утврдување важни факти и обезбедување докази за понатамошна постапка.

Јавниот обвинител вчера упати барање за поддршка до Началникот на Генералштабот на АРМ за вклучување на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата која со специјални инструменти изврши мерења и детекција на хемиска и токсична  контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Известување со резултатите од првичните мерења е доставено до обвинителството.

ОЈО Скопје ги очекува резултатите од извршените мерења и од надлежните служби на Министерството за животна средина.

Јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот.

Во следниот период, по создавање на услови и обезбедување на податоци за видот на складираните објекти, ќе биде наредено вештачење за да се утврди видот на контаминација и последиците од загадувањето.

До овој момент во опожарениот објект нема услови да се врши увид на лице место, а припадниците на МВР и натаму се задолжени да ограничуваат пристап на сите неовластени лица и на лица кои немаат соодветна заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Хрватски голман на Меси му одбрани Паненка пенал
Следна Статија Филипче бара итни мерки: прегледи за жителите, анализи на воздух и почва, поширока безбедносна зона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетнички се степале во кафуле во Аеродром

Во понеделникот, во 18.20 часот во СВР Скопје, И.К.(40) од Скопје пријавила дека на 19.01.2025 во 20 часот во угостителски…

January 21, 2025
ХРОНИКА

Финансиска поднесе кривични пријави против правно лице од Струмица, го оштетил буџетот за над 13 милиони денари!

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против К.Х поради основано сомнение дека го сторил…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Палевски: Видевски пукаше, Манев е организатор, а Кешишев стражар на двете убиства

Првообвинетиот Љупчо Палевски во завршните зборови рече дека е обвинет без докази и оти не му било дадено доволно време…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Фотоапарати, цигари, дрога, автоделови, керамички плочки, облека, заплени Царинската управа

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока,…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?