Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
ХРОНИКА

Обвинителството презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево

Објавено September 14, 2025 11:52
Сподели
Сподели

Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија за утврдување важни факти и обезбедување докази за понатамошна постапка.

Јавниот обвинител вчера упати барање за поддршка до Началникот на Генералштабот на АРМ за вклучување на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата која со специјални инструменти изврши мерења и детекција на хемиска и токсична  контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Известување со резултатите од првичните мерења е доставено до обвинителството.

ОЈО Скопје ги очекува резултатите од извршените мерења и од надлежните служби на Министерството за животна средина.

Јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот.

Во следниот период, по создавање на услови и обезбедување на податоци за видот на складираните објекти, ќе биде наредено вештачење за да се утврди видот на контаминација и последиците од загадувањето.

До овој момент во опожарениот објект нема услови да се врши увид на лице место, а припадниците на МВР и натаму се задолжени да ограничуваат пристап на сите неовластени лица и на лица кои немаат соодветна заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Хрватски голман на Меси му одбрани Паненка пенал
Следна Статија Филипче бара итни мерки: прегледи за жителите, анализи на воздух и почва, поширока безбедносна зона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителството ќе изведува докази: Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Од затвор телефонски измамил угостители во Гевгелија

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за…

December 25, 2024
ХРОНИКА

Син ја претепал својата мајка, која со повреди е пренесена во Ургентен центар

На 28.12.2024 годива во 17:15 часот, полициски службеници од ПО-Галате го лишиле од слобода М.Р.(38) од село Врањовце, кој во…

December 29, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Во минибус на Табановце запленети девизи од половина милион евра

Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од…

May 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?