Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир
ХРОНИКА

Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир

Објавено May 11, 2025 11:35
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 мај, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот по улицата “Џон Кенеди” управувал автомобил “Рено модус”, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност луѓето.

Непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана удвоена бела полна линија, со возилото свртел во лево, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот или по имотот. Притоа, не водел сметка за положбата, правецот и за брзината на движењето на возилото, со што преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и во него удрил мотоцикл „БМВ“ кој се движел по левата сообраќајна лента.

Од ударот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран.

Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живелиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница, како и одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност
Следна Статија Реал Мадрид подготвува нов договор за Винисиус: Бразилецот ќе остане до 2030 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три години од трагичната несреќата во Бугарија во која загинаа 45 лица од Македонија

На денешен ден пред три години се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која се запали автобус на „Беса транс“.…

November 23, 2024
ХРОНИКА

Финаниска полиција поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице за затајување данок

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на…

July 14, 2026
ХРОНИКА

Кешишев не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо

На судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев одговарајќи на прашања на судијата Ивица Стефановски даде исказ…

April 7, 2025
ХРОНИКА

ОЈО Скопје бара продолжување на притворот за Стојанче Јовановски

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?