Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обезбеден е хормон за раст и веќе нема листа на чекање, но нема доволно специјалисти педијатри ендокринолози
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Обезбеден е хормон за раст и веќе нема листа на чекање, но нема доволно специјалисти педијатри ендокринолози
ЗДРАВЈЕ

Обезбеден е хормон за раст и веќе нема листа на чекање, но нема доволно специјалисти педијатри ендокринолози

Објавено September 20, 2025 14:21
Сподели
Сподели

Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Универзитетската детска клиника и веќе нема листа на чекање, но во земјава има само тројца специјалисти педијатри ендокринолози поради што е неопходно да се направи посебна супцпецијализација по педијатриска ендокринологија. Ова е пораката од денешниот настан по повод  Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата што го организира Здружението „РАСТ“ под мотото „Зборувај гласно“.

Буџетот за терапијата е 75 милиони денари и е строго наменски за Детската клиника. Цените на чинење на терапиите зависат од состојбата на пациентот и се различни за сите.

Изминатите години зборувавме за дискриминација во лекувањето, едни деца имаа право на лекување, а други со години беа на листата за чекање. Годинава повторно е обезбеден буџет од Фондот за  здравствено осигурување (ФЗО) со што се овозможува лекување со хормонска терапија за раст на 174 деца во моментов. Не постои повеќе листата на чекање, истакна претседателот на „РАСТ“, Александар Петровски.

И заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски потврди дека терапијата е обезбедена.

null

Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Детската клиника и веќе нема листа на чекање. Станува збор за вкупно 174 дечиња за кои навреме е обезбеден овој хормон и на Клиниката нема листа за чекање како што беше во изминатиот период. Но, на Клиниката се реализирани и значајни инвестиции како – комплетно реновирање на енодкринолошката амбуланта и Одделот за пулмологија, а обезбедени се и нови медицински апарати со кои е значително подигнато нивото на квалитетна здравствена услуга за децата, подвлече Андовски.

Според директорот на ФЗО, Сашо Клековски, Фондот го постави нивото – мора да има хормон за раст за сите деца.

Фондот е посветен не само оваа година, туку и сите следни години да нема листа на чекање за третман со хормон за раст. Сметаме дека ова е најмалку што можеме да го направиме за овие деца и семејства. Ова е терапија што го менува животот на подобро, овозможува нормален живот и нема зошто да штедиме или да не обебзедуваме средства за терапија, истакна Клековски.

null

Професор д-р Соња Бојаџиева од Универзитетската детска клиника укажа на потребата и важноста од воведување посебна супспецијализација по педијатриска ендокринологија или гентика.

Клиниката секогаш ќе биде поддршка за децата, за овие мали херои и навистина, следен предизвик за сите професори и за Медицинскиот факултет треба да биде воспоставувањето посебна супспецијализација по педијатриска ендокринологија или гентика. Тоа досега го немало, рече професорката.

null

Во Македонија има пет различни хормони за раст.

Треба да се гордееме со тоа што нема листа на чекање и што имаме избор на терапија, што е многу битно, порача Петровски, кој по повод Светскиот ден апелира родителите внимателно да ги следат децата и доколку забележат одредени симптоми, веднаш да конслутираат лекар.

Одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата продолжува во Зоолошката градина со целодневен настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Во Белград се одржува голема воена парада на српската армија
Следна Статија Од ДУИ велат дека Владата ја блокира европската иднина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Има мирис и вкус од непознато потекло: Водата во Неготино не е безбедна за пиење

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците.…

September 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Отворен портал за неитни хируршки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции…

February 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

Пешевска предупреди на опасноста од ракот на дојка: Најдете време да се грижите за себе, секој преглед е важен!

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ се обрати во Собранието по повод Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на…

October 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

Грипот зема замав: 188 случаи и две жртви

Грипот веќе е тука. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, од почетокот на сезоната 2025/2026 се регистрирани 188…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?