Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обезбедена помош од државата – Еве кои категории на ранливи граѓани ќе добијат помош за сметките за струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Обезбедена помош од државата – Еве кои категории на ранливи граѓани ќе добијат помош за сметките за струја
ЕКОНОМИЈА

Обезбедена помош од државата – Еве кои категории на ранливи граѓани ќе добијат помош за сметките за струја

Објавено July 31, 2025 10:29
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави дека Владата ја усвои Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Преку оваа програма се издвојуваат 42,3 милиони денари од државниот буџет за директна финансиска поддршка на граѓани кои живеат во енергетска сиромаштија, особено лица со попреченост и оние што користат гарантирана минимална помош.

„Целта е да обезбедиме сигурна и достапна енергија за најранливите. Финансиската поддршка ќе помогне на домаќинства со сериозни социјални и здравствени предизвици“, информираат од Министерството.

Финансиската поддршка ќе се распределува по принципот „најниски приходи“ сè додека не се исцрпат средствата. Предвидена е месечна поддршка од 1.000 денари, кои директно ќе се одбиваат од сметките за електрична енергија во период од 12 месеци, почнувајќи од месецот на поднесување на барањето.

Средствата се распределени по следниов основ:

2,3 милиони денари за домаќинства со лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, 19 милиони денари за домаќинства со најтешка телесна попреченост, 9 милиони денари за домаќинства со потполно слепо лице, 12 милиони денари за домаќинства со потполно глуво лице.

Јавниот оглас за аплицирање ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk) и во два дневни весници, со рок за пријавување од 30 дена. Апликацискиот образец ќе биде достапен онлајн и во архивата на Министерството, а граѓаните ќе треба да приложат релевантна документација.

Селекцијата ќе ја спроведат четири посебни комисии според видот на попреченост, составени од службеници на Министерството. Списокот на избрани корисници ќе биде јавно објавен.

Дополнително, програмата предвидува и други олеснувања:

ослободување од трошоци за повторно приклучување, приоритет при отстранување дефекти, мерки против исклучување поради неплатени сметки во зимскиот период.

Од Министерството апелираат сите кои ги исполнуваат условите да се информираат и да аплицираат навреме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА USLUGI.GOV.MK Апел од Андоновски до сите млади да се подготват за ваучер за лаптоп или таблет
Следна Статија Чистка во Челзи – Енцо Мареска отпишал 16 играчи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Заврши претресот по Дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година

Собранието попладнево на пленарна седница го заврши претресот по дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година. Според најавите, седницата треба да продолжи…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Елон Маск најавува историска инвестиција од 20 милијарди долари во Мисисипи

xAI на Елон Маск планира да изгради огромен податочен центар во Јужен Мисисипи

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување,…

October 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од…

February 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?