Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот
ХРОНИКА

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Објавено August 4, 2025 11:01
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство.

„На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото“, соопшти обвинителството.

Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово
Следна Статија „Зелен хуман град“ почнува со собирање потписи за основање партија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(Видео) Евакуирани жители, изгоре продавница на „Синсеи“ во Неготино пред да биде официјално отворена

Голем пожар во Неготино, изгоре продавницата на брендот „Синсеи“ пред официјално да биде отворена - Пожарникарите со навремена интервенција не…

September 27, 2025
ХРОНИКА

Охриѓанец уапсен поради лажно грабнување, земал пари за „ослободување“ на семејство

33-годишниот А.Д. од Охрид е приведен од страна на полицијата, откако бил осомничен за кривично дело „грабнување“, потврдија од СВР…

May 18, 2025
ХРОНИКА

Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично…

March 22, 2025
ХРОНИКА

Почина поетесата Славица Свидерска

Со глабока тага и жалење ја информираме јавноста дека денеска, 12.11.2025 г. почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола), соопштија утрово…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?