Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен Александар Лазаров по бегството од полициската во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен Александар Лазаров по бегството од полициската во Кочани
ХРОНИКА

Уапсен Александар Лазаров по бегството од полициската во Кочани

Објавено July 15, 2026 08:58
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека е лишен од слобода Александар Лазаров (41) од Кочани, кој пред четири дена избега од Полициската станица во Кочани, по што по него беше распишана централна и меѓународна потерница.

„На 14.07.2026, по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Потраги, од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани, осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, соопшти МВР.

Лазаров беше приведен под сомнение за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, но успеа да избега преку прозорец од Полициската станица во Кочани.

Според сознанијата , Лазаров веќе издржувал затворска казна за истото кривично дело. Првпат бил уапсен во Скопје, а вторпат во Кочани. Меѓу жителите на Кочани е познат како лице инволвирано во трговија со дрога.

Неговото име беше спомнато и во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Во исказ пред обвинител, сведокот Ана Томева изјави: „Лице познато како ‘Цуната’ беше главен дилер на дрога. Беше стално апсен, па пуштан.“

Во меѓувреме, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР води истрага за евентуална одговорност на полициските службеници од кои Лазаров успеа да избега.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вардар патува во Рига
Следна Статија Дешамп: Играчите се скршени, имавме големи амбиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Крадци фатени на дело- оперирале во објекти на поранешна Железара

На 07.05.2025 во 01.00 часот во кругот на поранешна фабрика Железара, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода…

May 8, 2025
ХРОНИКА

ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец

Основното јавно обвинителство Куманово ги чека извештаите од извршените контроли од официјалните институции за случајот со починатиот млад кумановец Велат…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Повеќе берберски овци угинаа во Зоо Скопје

Повеќе берберски овци биле пронајдени угинати, минатата недела во вторникот, во скопската Зоолошка градина. Од Зоо Скопје информираат дека во живеалиштето…

February 17, 2025
ХРОНИКА

Се удави жена во Дебарско Езеро

Во Дебарско Езеро во близина на градската плажа се удавила жена на 40-годишна возраст. Жената била забележана од две лица…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?