Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавено видео од инцидентот на Данела Арсовска при увид на локација во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објавено видео од инцидентот на Данела Арсовска при увид на локација во Чаир
МАКЕДОНИЈА

Објавено видео од инцидентот на Данела Арсовска при увид на локација во Чаир

Објавено July 11, 2025 22:13
Сподели
Сподели

На социјалните мрежи е објавено видео од случувањата од инцидентот во Чаир во кој учествувала градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, додека била на увид на терен.

На видеото се гледа Арсовска во вербална расправија со едно лице. Кога тој, потоа и се приближува на Арсовска, на лице место доаѓаат припадници на полицијата, коишто веднаш реагираат и го одведуваат човекот.

Во реакцијата на полицијата се приведени две лица, кои се однесени во полициска станица.

Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на Град Скопје била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје обезбедени се две лица кои во моментов се во Полициска станица со кои се обавува службен разговор“, соопштија од МВР.

Од полицијата информираат дека по инцидентот Арсовска не сакала да поднесе официјална пријава за случувањето.

На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.Кумбара физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ „8 Септември за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

За случката, со коментар излезе и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изјави дека во инцидентот при увид на локација во скопската општина Чаир, врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Беше херој на Македонија, а сега ја пцуе државата: Кој е фудбалерот кој пееше „Дирлада, да го е..м цело Скопје и вашата држава“
Следна Статија Андреј Ковачев: Загрижен сум за она што и се случи на Арсовска – бугарска државјанка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски открива: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќешното интервју за ТВ Алсат рече дека со проневерените пари од АД „Државна лотарија“, како…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Извини Филипче, ама ти или си будала, или некој опасно те брлави – не ти кажа Зоќе да не се закачаш со мене?!!

Ден после катастрофалниот пораз на СДСМ во првиот круг на локалните избори, во време кога партиските водства ги средуваат впечатоците…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Павел четири пати се вратил да спасува другари во „Пулс“, не успеал да се спаси самиот себе

Павел Христов, роден 2004 година, е уште еден тивок херој од трагедијата во Кочани за кој јавноста треба многу погласно…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Американски УСАИД истражители пристигнаа на Балканот – дали Македонија е следна?

По објавата дека американскиот истражител Мартин Де Лука, поранешен федерален обвинител на САД и член на тимот на претседателот Доналд…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?