Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавен е првиот пакет на претстојни повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објавен е првиот пакет на претстојни повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година
МАКЕДОНИЈА

Објавен е првиот пакет на претстојни повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Објавено April 10, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на денешната прес-конференција соопшти дека е објавен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата “Дигитална Европа”.

-Денес имам можност да ве известам за една одлична прилика која во соработка со Европската унија, а овозможена од Министерството за дигитална трансформација ја нудиме за претставниците на приватниот сектор (малите, средните и големите претпријатија), стопанските комори, академските институции од сите нивоа, невладиниот сектор и јавните институции, истакна Андоновски.

Европската комисија во овој повик има одредени 1,3 милијарди евра за проекти од областа на вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталните вештини.

Тој потенцираше дека владата веќе втора година го овозможува учеството на заинтересираните во оваа програма.

-Како Влада, ние веќе втора година го овозможуваме учеството на сите заинтересирани страни во програмата Дигитална Европа, со навременото уплаќање на членарината и со поддршката кон домашните институции, организации и компании кои ќе одлучат да аплицираат на Програмата.

Андоновски посочи и дека сите заинтересирани страни е потребно да испрат елаборат до министерството со потребните податоци кој се објавени на веб страницата на МДТ и да се испратат на адресата digital.europe@mdt.gov.mk, најдоцна до 03.05.2025 година.

-Дозволете да ги информирам заинтересираните дигитални иновациски хабови дека денес Министерството го распиша Јавниот повик за заинтересираните дигитални иновациски хабови за учество во консолидацијата на мрежата на Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со засилен фокус на вештачка интелигенција (ВИ). Финансирањето на ЕДИХ доаѓа од 50% кофинансирање од Програмата за Дигитална Европа, а за останатите 50%, апликантите треба да обезбедат одржливи извори за кофинансирање, додаде министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Заработиле“ над 3 милиони денари: Постапка против 43 лица кои земале „брзи кредити“ на туѓо име, еве како ги злоупотребувале податоците
Следна Статија Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мисајловски: Воените хеликоптери М-8 кои беа на ремонт во Чешка пристигнаа во Македонија

Денес во касарната ,,Страшо Пинџур” во Петровец, пристигнаа двата воени хеликоптери М-8, кои беа целосно ремонтирани од Чешкиот ремонтен завод,…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе одговара ли Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет?!

Ќе има ли мерки против поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет и за предавство…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пренџов бара комисиска расправа за АНБ, а Реџепи не свикува седница бидејќи бил дискриминиран

Членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов денеска јавно го повика претседателот на Комисијата…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат координирани, системски и засновани на современи стандарди, порача…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?