Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оваа Влада ниту водела ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – вели Муцунски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Оваа Влада ниту водела ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – вели Муцунски
МАКЕДОНИЈА

Оваа Влада ниту водела ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – вели Муцунски

Објавено December 11, 2025 17:04
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на својот фејсбук-профил категорично ги отфрли наводите на британските медиуми дека Британија можеби ќе ги депортира одбиените баратели на азил во Северна Македонија, оценувајќи ги како апсолутна невистина.

Според него, оваа Влада ниту водела ниту ќе води политика за прифаќање мигранти.

„Сакам да бидам кристално јасен. Оваа Влада ниту водела ниту ќе води политика за прифаќање мигранти, во каква било форма. Нема договори, нема преговори, нема квоти, нема центри, нема транзитни ангажмани. Таква иницијатива ниту е разгледувана ниту постои политичка намера во таа насока“,напиша Муцунски на Фејсбук.

Оваа Владата, како што вели, е целосно посветена на економскиот развој и на подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните, и гради партнерства што носат конкретни придобивки за секое семејство, за секоја општина и за државата како целина.

Во таа насока, додава дека Стратешкото партнерство со Обединетото кралство се темели на меѓусебното почитување и доверба, како и на соработка со политиката, економијата и безбедноста.

„Тоа значи реални иницијативи и проекти што го забрзуваат економскиот развој, отвораат работни места и носат опипливи придобивки за граѓаните, а не сценарија за дневнополитички потреби“,вели тој.

Според него, темата за наводно прифаќање мигранти е класичен дневнополитички обид за дефокус и последица на драматично нискиот рејтинг и безидејноста во која Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) е заглавен подолг период.

„Крајно неодговорно е да се одржуваат прес-конференции врз основа на сензационалистички, непроверени и неточни информации, со што намерно се создава лажна перцепција во јавноста и заради партиски интерес се злоупотребуваат чувствителни теми“,стои во фејсбук-статусот на Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите. Очекува ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише
Следна Статија (ВИДЕО) Лефков: Филипче работел на изградба на мигрантски камп во Бардовци, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да ги донесе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите, дека наводно бил вратен стариот систем на контрола…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Раде Трајковски – Штекли однесен на Клинички поради здравствени проблеми

Раде Трајковски познат како Штекли денеска се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“, поради што бил однесен во Клиничкиот…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

Блокот на криминал и минатото и оној на иднината и просперитетот на Македонија се двата блока, кои ќе се спротистават…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за скандалот со дрогата…

February 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?