Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оваа земја е првата во ЕУ што го зголеми ограничувањето на брзината на 150 км/ч!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Roadtrip > Оваа земја е првата во ЕУ што го зголеми ограничувањето на брзината на 150 км/ч!
Roadtrip

Оваа земја е првата во ЕУ што го зголеми ограничувањето на брзината на 150 км/ч!

Објавено August 19, 2025 20:37
Сподели
Сподели

Новиот систем ќе овозможи зголемување на брзината на 150 км/ч само во поволни временски услови и со добар проток на сообраќај. Во случај на дожд, снег или мраз, брзината автоматски ќе се намали за 20 км/ч.

На делницата од автопатот D3 од Прага до Линц веќе се поставени нови електронски сообраќајни знаци, а пилот-проектот официјално започнува кон крајот на септември. Со тоа, Чешка ќе стане првата земја од Европската Унија што ќе тестира зголемување на ограничувањето на брзината на автопатите на 150 км/ч, пишува Fenix-magazine.

Чешка инвестираше 2,2 милиони евра во проектот за вкупно 42 променливи сообраќајни знаци, а се планираат и дополнителни делници за проширување на овој режим, вклучувајќи го автопатот D1 кон Острава и D11 во близина на Храдец Кралове.

Австрија тестираше зголемување на брзината до 140 км/ч на делницата од автопатот А1 помеѓу Виена и Салцбург од 2018 до 2020 година. Експериментот беше прекинат поради загриженост за емисиите на CO₂, а подоцна некои ограничувања беа намалени на 100 км/ч поради Законот за заштита на воздухот (IG-L).

Во Холандија, во 2020 година беше воведено ограничување од 100 км/ч преку ден, додека возењето до 130 км/ч беше дозволено ноќе. Сепак, во април 2025 година, повторно беше дозволено побрзо возење во текот на денот на неколку делници, вклучувајќи ги делниците А6 и А7 кон Германија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чадот од шумските пожари е поопасен отколку што се сметаше претходно, покажа последното истражување
Следна Статија Алармантна е состојбата во Србија – Вучиќ го свика Советот за безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен велешанец -возел со 109 километри на час во место каде е дозволено до 40

На улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, вчера во 08:12 часот го лишиле од слобода 24 годишниот…

November 15, 2025
СВЕТ

Вети дека ќе ја укине воената помош на Украина: Милијардерот Бабиш е нов премиер на Чешка

Чешкиот претседател Петр Павел денеска го назначи милијардерот Андреј Бабиш за нов премиер, повеќе од два месеца откако неговата популистичка…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензивно се работи на новиот автопат Прилеп – Битола! (ВИДЕО)

Интензивно се работи на новиот автопат Прилеп – Битола! Со овој автопат силно ќе се развие економијата во пелагонискиот дел…

September 19, 2025
Roadtrip

Eрбас повика на итно софтверско ажурирање на A320

Erbas повика на итно софтверско ажурирање на над 6.000 авиони A320 поради влијание на сончевото зрачење. Европскиот производител на авиони…

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?