Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова е земја со најчист воздух во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ова е земја со најчист воздух во светот
ЗАБАВА

Ова е земја со најчист воздух во светот

Објавено February 19, 2025 19:21
Сподели
Сподели


За оние кои сакаат одмор во урбана, градска средина, а сепак не преполна со туристи, каде што воздухот е чист, а улиците – без ѓубре, Естонија е „совршената земја“, бидејќи тукушто е прогласена за најчиста земја во светот.

Според извештајот „Воздухот што го дишеме“ на „Ворлд попјулејшн ревју“ (World Population Review), оваа балтичка држава е земјата со најчист воздух. Така, според Индексот за еколошко уредување (ЕПИ), којшто се насочува на фактори како што се испуштање стакленички гасови, јаглерод-диоксид, достигнувања во однос на негативните емисии на метан, спроведувањето политики за животна средина, проширувањето на шумите, обновливи извори на енергија и шуми, Естонија е на првото место на листата. Нејзината ЕПИ-оценка е 75,3.

Следни европски држави на оваа листа се: Луксембург (со ЕПИ 75), Германија (74,6), Финска (73,7), Обединетото Кралство (72,7), Шведска (70,5), Норвешка (70), Австрија (69), Швајцарија (68) и Данска (67,9). Всушност, тие се на врвот на светската топ-листа најчисти земји од 2020 година досега.

Уште повеќе, главниот град на Естонија – Талин во 1997 година е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, поради исклучително добро зачуваното старо градско јадро од 13. век, со изворно стари градби.

Во тн. Горен Град, се наоѓа и естонската Влада, сместена во средновековната розова куќа „Стенбок“. Во близина е и 800-годишниот дворец Томпеа и Долниот Град. Кулата „Пик Херман“, којашто е највисок дел од дворецот, со своите 45 метри, велат, е место за искачување (по скали) што мора да се доживее. Меѓу најпосетените знаменитости во Талин се и катедралата „Александар Невски“, Уметничкиот музеј „Кадриорг“ и Паркот „Кадриорг“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска започнува добар период за 3 знаци
Следна Статија Избоден маж од струмичко!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ова се „ангелските души“ од хороскопот: Ги краси посебна енергија – проверете дали сте меѓу нив

Според распоредот на ѕвездите, луѓето со ангелска душа се раѓаат само во три хороскопски знаци.Проверете дали сте меѓу нив. Лав…

November 30, 2024
ЗАБАВА

Бил Гејтс: Разводот од Мелинда беше најголемата грешка во мојот живот

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, проговори за разводот со сопругата Мелинда Френч Гејтс и откри како се чувствува за сето…

January 27, 2025
ЗАБАВА

Ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните: Викендов ќе се одржи Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Викендов на Рудина, Долнени ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните, кавалите. По 51. пат ќе се одржи Фестивалот на народни инструменти…

May 29, 2025
ЗАБАВА

Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите (ФОТО)

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол. Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“,…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?