Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова е златната виза на Филипче за Дубаи, ја добил во 2023 година да биде директор на фирма за инвестиции и менаџмент
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ова е златната виза на Филипче за Дубаи, ја добил во 2023 година да биде директор на фирма за инвестиции и менаџмент
ПОЛИТИКА

Ова е златната виза на Филипче за Дубаи, ја добил во 2023 година да биде директор на фирма за инвестиции и менаџмент

Објавено April 28, 2026 17:46
Сподели
Сподели

Директор за инвестиции и менаџмент, а не доктор или неврохирург. Фирма сместена во индустриска зона, а не некоја позната болница. Извадена во 2023-та година, а трае до далечната 2033-та. Досега необјавени документи за златната виза на докторот Венко Филипче, кои Алфа ги доби од свиркачи и ексклузивно ги објавува, покажуваат сосем друга реалност од таа што ја кажа лидерот на СДСМ.

Златната виза, која вообичаено ја добиваат богати бизнисмени, Филипче ја добил во септември 2023-та година, само седум месеци пред изборите и падот на власта на СДСМ, а му трае цели 10 години. Според она што го пишува во документот со кој Обединетите Арапски Емирати, му стнаа резервна татковина на лидерот на социјалдемократите, тој требало да работи на престижната функција изврешен директор во компанија, во познатата економската зона „Рас Ал Каиман“ во Дубаи. Што точно работи компанијата, нема податоци, освен дека е „комерцијално претпријатие за инвестиции, институции и менаџмент“, објави „Алфа“.

Лидерот на СДСМ, кој во минатото даваше сосема други информации околу златната виза и под кои услови ја добил, повторно воинстевно се нафрли врз „Алфа телевизија“. Прашан во врска со неа, тој не објасни ништо, туку само нервозно не обвини дека сме му ја дефокусирале прес-конференцијата.

Доста со дефокус прашања, каков е тој дефокус, златна виза, каква врска има тоа со контекстот тука. Претстанете со тоа, престанете со тие лажни вести, престанете со тие кампањи, луѓето имаат реални проблеми овде, какви се тие златни визи, Дубаи, згради, Харис Џиновиќ, престанете со таа кампања, нека не ви нарачуваат такви прашања. Доста правите ваков дефокус (САМИ КАЖАВТЕ ДЕКА ИМАТЕ, ОД КОГА ДО КОГА ВИ ТРАЕ?) Повелете…, заврши Филипче.

Пред точно една година кога првично беше објавено дека Филипче и неговиот близок пријател Зоран Заев поседуваат златни визи за Дубаи, лидерот на СДСМ првично демантираше дека воопшто ја има, за само две недели подоцна да каже дека сепак имал таква виза, но не ја добил зошто бил полн со пари, туку бил во преговори да работи во болница таму и врз основа на тоа му дале виза.

Според програмата на Обединетите Арапски Емирати златната виза за долгорочен престој главно добиваат странски државјани кои се подготвени да вложат минимум 280 илјади долари за виза од 5 години, или над 500 илјади долари за 10 годишна. Освен инвеститори виза може да добијат и специјалисти, студенти и истражувачи, кои прават значители инвестиции во земјата. Но за таква виза, потребно е барање и препорака од Емиратското министерство, како и специјално писмо со препорака од Советот на научници или лично од Секретаријатот на Шеикот, со кое се потврдува дека личноста има добиено медал за Академска исклучителност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не ја турнал од балконот, но ја навел на трагичен исход: Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски
Следна Статија Стојанче Јовановски: Сѐ би дал да можам да ги вратам моето дете и мојата сопруга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта за партизација…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

Инвестиции во проекти од инфраструктурата за Кочани во вредност од 100 милиони евра, најави премиерот и лидер на ВМРО –ДПМНЕ,…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Пуштен во употреба регионалниот пат од Охрид до Св. Наум со инвестиција од 11,7 милиони евра

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во инфраструктурата низ целата држава, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.…

June 14, 2025
ПОЛИТИКА

Досегашните потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за членови на ИК

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи Централен комитет (ЦК). Во овој мандат повеќе нема да има потпреседатели. Ќе има претседател, генерален секретар…

February 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?