Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова е напаѓачот кој со возило покоси маса луѓе во Ванкувер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ова е напаѓачот кој со возило покоси маса луѓе во Ванкувер
СВЕТ

Ова е напаѓачот кој со возило покоси маса луѓе во Ванкувер

Објавено April 27, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Возачот кој со својот автомобил влета во толпа луѓе на фестивал во Ванкувер сега е под полициска заштита, за да спречат да биде линчуван од насобраните граѓани.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како полицајци опкружуваат уапсен Азиец, додека толпа луѓе се обидуваат да дојдат до него. Видно вознемирен, возачот на видеото едвај успеа да каже „Извинете“, пред да го одведат полицајците.

Инцидентот се случи за време на прославата на Денот на Лапу Лапу, голем празник за филипинската заедница, кога автомобил со голема брзина влета во толпата. Според првите информации, во несреќата загинале неколку лица, додека голем дел од нив се здобиле со повреди.

Полицијата во Ванкувер потврди дека возачот е уапсен и дека истрагата е во тек, но официјалниот биланс на загинати се уште не е објавен. На снимката се гледаат драматични сцени: полицијата се обидува да ја контролира разгневената толпа додека истовремено им помага на повредените.

Организаторите на фестивалот изразија сочувство до семејствата на жртвите и соопштија дека сите планирани активности се откажани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седми неуспешен обид за конституирање на косовското собрание
Следна Статија 16-годишен мотоциклист загина откако се судри со електричен тротинет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Трамп ги измеша „лончињата“: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –…

September 13, 2025
СВЕТ

Авиокомпанијата „Емирати“ забрани пејџери и воки-токи по нападите во Либан

Авиокомпанијата „Еmirates“ со седиште во Дубаи им забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови откако минатиот…

October 5, 2024
СВЕТ

Почина патник на летот од Њујорк за Белград

Авион во кој загина маж слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Според првите неофицијални информации, мажот починал од природна…

January 5, 2025
СВЕТ

Саудиска Арабија отвори хуманитарен воздушен мост за Сирија

Саудиска Арабија денеска започна хуманитарен воздушен транспорт во Сирија за испорака на храна, шатори и медицински материјали за поддршка на…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?