Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан против новиот буџет на ЕУ ако не се одмрзнат милијарди за Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан против новиот буџет на ЕУ ако не се одмрзнат милијарди за Унгарија
СВЕТ

Орбан против новиот буџет на ЕУ ако не се одмрзнат милијарди за Унгарија

Објавено July 26, 2025 19:57
Сподели
Сподели

Унгарската влада нема да го поддржи седумгодишниот буџет на ЕУ се додека Брисел не ги деблокира сите суспендирани европски средства, изјави премиерот Виктор Орбан.
„Усвојувањето на нов седумгодишен буџет бара едногласно одобрување и се додека не ги добиеме преостанатите (замрзнати) средства, нема да има нов буџет“, рече Орбан на универзитетот во романскиот град Баиле Туснад.

Европската комисија неодамна предложи буџет за периодот од 2028 до 2034 година од два трилиони евра, со акцент на одбраната и конкурентноста на економијата.

„Овој буџет би ја уништил Европската унија. Не верувам дека ваков вид буџет ќе преживее до следната година“, рече Орбан во изјава за унгарското радио Кошут.

Денеска, тој ја критикуваше и ЕУ за поддршката на Украина и го обвини Брисел дека сака да инсталира „проукраинска и пробриселска влада“ во Унгарија на изборите следната година.

Тој оцени дека сегашното раководство на ЕУ го води блокот во насока на трговска војна во која Европа „не може да ја добие“.

Тој повторно ги обвини „глобалистичките бирократи“ дека сакаат да извлечат пари од Европа за Украина, наведувајќи дека буџетот за новиот седумгодишен период предвидува и отворени и скриени средства за процесот на пристапување на Украина во ЕУ, иако се уште не е донесена официјална одлука за нејзиното членство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Разговарав со лидерите на Камбоџа и Тајланд, обете земји сакаат прекин на огнот
Следна Статија Виктор Ѓокереш официјално нов играч на Арсенал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа

Напорите за враќање на електричната енергија и греењето во областите во југозападен Берлин продолжуваат четврти ден по ред откако десетици…

January 6, 2026
СВЕТ

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на…

November 25, 2024
СВЕТ

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека Русите извршиле повеќечасовен напад врз неколку области, а главниот град Киев бил посебно…

February 23, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Погледнете во засолништето на наркобосот Ел Менчо, каде што бил убиен од мексиканската полиција

Операцијата што заврши со убиството на мексиканскиот наркобос Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, не се одвиваше во импровизиран…

February 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?