Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија | ВИДЕО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Проштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија | ВИДЕО
СВЕТ

Проштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија | ВИДЕО

Објавено January 16, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Џо Бајден, претседател на САД во заминување, во проштално обраќање синоќа од својот кабинет во Белата куќа предупреди дека во Америка се формира „опасна“ олигархија која е закана за демократијата и слободниот свет.

Во обраќањето, Бајден подвлече заклучоци од неговата полувековна политичка кариера.

-Во Америка денес се формира олигархија на екстремно богатство, моќ и влијание, која навистина е закана за нашата демократија и нашите основни права и слободи, изјави тој.

Бајден, кој е на возраст од 82 години, го критикуваше екстремно богатиот „технолошко-индустриски комплекс“ кој, според него, може да ја злоупотреби власта на штета на Американците.

Во своето последно телевизиско обраќање од Белата куќа тој упати предупредувања и за климатските промени и дезинформациите на социјалните мрежи.

Бајден ја пофали работата на неговата администрација, и истакна дека се отвориле рекорден број нови работни места, се инвестирало во инфраструктура, здравствената заштита и дека земјата излегла пандемијата и станала побезбедна.

-Ќе биде потребно време за да се почувствува целосниот ефект од сето она што го направивме заедно, но семето е посеано, и тоа ќе расти и ќе цвета со децении.

Бајден посака успех на доаѓачката администрација на Доналд Трамп, но потоа упати низа остри предупредувања, наведувајќи дека „многу е ставено на коцка во овој момент“.

За климатските промени, тој рече дека „моќни сили сакаат да го искористат своето неограничено влијание за да ги елиминираат нашите напори за справување со климатските промени за задоволување на нивните сопствени интереси за власт и профит.“

За дезинформациите, Бајден предупреди дека „Американците се затрупани од лавина дезинформации и погрешни информации, а тоа овозможува злоупотреба на власта.“

Тој исто така упати директна критика против социјалните мрежи како Мета, која што неодамна објави дека ќе ја запре независната проверка на факти. „Социјалните мрежи се откажуваат од проверката на факти. Вистината се гуши од лаги кажувани само за да се добие власт и  профит,“ кажа Бајден.

Неговата критика кон ултрабогатиот „техно-индустриски комплекс“ е алузија за Илон Маск, најбогатиот човек во светот, кој е близок со Трамп и обезбеди огромна финансиска поддршка за неговата кампања.

Други технолошки директори, како Џеф Безос и Марк Закерберг, во изминатит пероид сторија многу да ги пододбрат односите со Трамп пред неговото враќање во Белата куќа.

Завршувајќи го својот говор, Бајден ги повика Американците нa „будност“ за својата земја: „Да бидете сите чувари на пламенот.“

Обраќањето на Бајден дојде веднаш откако тој објави договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Рече дека тое биле едни од најтешките преговори во неговата кариера и ја истагна заслугата за помошта на САД во постигнувањето на договорот.

Според договорот прекинот на огнот започнува од 19 јануари, еден ден пред инаугурацијата на Трамп кој исто така си зеде заслуга за договорот, велејќи дека бил возможен само затоа што тој победил на изборите во ноември. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биткоинот повторно вреди околу 100.000 долари
Следна Статија Дали парите од ЕУ за Македонија со Планот за раст ќе стигнат побрзо?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Венецуелската опозиција го пофали Трамп за апсењето на Мадуро

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро, јави…

January 6, 2026
СВЕТ

Трамп: Кина се согласи на извоз на ретки минерали и магнети во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг се согласил да дозволи извоз на ретки земни минерали…

June 7, 2025
СВЕТ

Летонија го забрани учењето на рускиот како странски јазик во училиштата

Летонија донесе одлука да го забрани предавањето на рускиот јазик како странски јазик во училиштата. Ограничувањата се на сила на…

January 7, 2026
СВЕТ

(ФОТО) Медицинска сестра отишла на одмор во Будимпешта, неколку дена подоцна нејзиното тело било пронајдено во куфер

Медицинската сестра Кензи Михалски (31) отпатувала од Америка во Унгарија не знаејќи дека тоа ќе и биде последно патување. Имено,…

November 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?