Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова е просечната плата во Германија за 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Ова е просечната плата во Германија за 2025 година
Blog

Ова е просечната плата во Германија за 2025 година

Објавено February 15, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Во Германија, платите значително се разликуваат од професија до професија. Но, колку се заработува во просек? Веќе има прелиминарна проценка на платата за 2025 годин

Според германските медиуми, 2025 година започна позитивно за луѓето со ниски примања. Од почетокот на годината многумина имаат повисоки саатници. Сепак, и другите работници ќе добијат повисоки нето плати во 2025 година. Како тоа влијае на приходите на Германците?

Иако нема ни два месеци во годината, просечниот приход на Германците за 2025 година е веќе достапен. Ова го соопшти германското пензиско осигурување. Сепак, утврдената бројка е прелиминарна вредност. Според тоа, Германците во просек заработуваат по 50.493 евра годишно, пренесува магазинот „Феникс“.

Просечната плата во 2025 година позната на почетокот на годината

Тоа би било 4.207,75 евра месечно. Нешто помала била однапред пресметаната плата за 2024 година. Според податоците на германското пензиско осигурување, Германците лани заработиле во просек по 45.358 евра. Како и со приходот за 2025 година, ова е бруто платата на која се се плаќа данок.

Тоа што таква вредност постои на почетокот на годината е поврзано со пензискиот систем. Во Германија, за пресметување на месечната пензија се потребни поени за заработка – исто така познати како пензиски поени. Тие зависат од просечната плата. За да се утврдат пензиските поени за дадена година, неопходно е да се класифицираат приходите.

Најмногу се заработува во овие сојузни држави и професии

Платформата Kununu, која овозможува рејтинг на компаниите и работодавачите, ги процени платите во Германија според неколку категории.

Затоа, во просек, најмногу заработуваат контролорите на летање. Нивната годишна плата е речиси двојно поголема од просечната.

Според податоците на Кунуну, Хесен е на врвот по просечни плати, а потоа следат Хамбург и Баварија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сестрата на Фросина се огласи пред утрешниот собир: Ова е протест на народот, тагата, револтот и на желбата да се остане тука!
Следна Статија Пампас трева – атрактивно растение кое е забрането во некои земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починато лице пронајдено во мотел во Ѓорче Петров, телото на обдукција

Во СВР Скопје вчера во 16.48 часот било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат…

November 3, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Јарец – понеделник, 27 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот е исполнет со многу амбициозни, стрпливи, практични, концентрирани и одговорни енергии кои Јареците имаат…

January 27, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Јарец – недела, 26 јануари 2025

1. 💡 Општа енергија на денот: Денеска Јарецот ќе го преполни огромниот потенцијал и активација на креативната енергија која подсилно…

January 26, 2025
Blog

Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека ќе ја повлече понудата од 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?