Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова се земјите со најдобар образовен систем во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ова се земјите со најдобар образовен систем во светот
СВЕТ

Ова се земјите со најдобар образовен систем во светот

Објавено June 12, 2025 12:17
Сподели
Сподели

Образованието отсекогаш било еден од клучните двигатели на општествениот развој. Квалитетниот образовен систем не само што овозможува личен и професионален напредок, туку и значително придонесува за економскиот и социјалниот просперитет на државата. Во денешниот свет, во кој знаењето станува сè поважен ресурс, рангирањето на образовните системи добива сè поголемо значење.

Ова глобално рангирање, составено од „Ју-ес њуз & ворлд рипорт“, „Би-еј-ви груп“ и училиштето „Вартон“ при Универзитетот во Пенсилванија, ги зема предвид факторите: развиеноста на јавниот образовен систем, подготвеноста на странски студенти да студираат во тие земји и квалитетот на понуденото образование. На врвот се наоѓа Јужна Кореја, а по неа следуваат неколку европски држави, меѓу кои и Словенија, како и Јапонија и Германија.

Како се рангираат земјите според образованието?

Секоја година извештајот прави детална анализа на глобалниот образовен систем. Извештајот вклучува анкета на илјадници луѓе во повеќе од 78 држави и ги оценува образовните системи според три клучни карактеристики: добро развиен јавен образовен систем, подготвеност луѓето да студираат таму и висок квалитет на понуденото образование. Сите овие карактеристики се рамноправно земени предвид во финалниот резултат.

Која земја има најдобар образовен систем во светот?

Според глобалното рангирање, ова се десетте највисоко рангирани земји во однос на образованието:

1. Јужна Кореја
2. Данска
3. Холандија
4. Белгија
5. Словенија
6. Јапонија
7. Германија
8. Финска
9. Норвешка
10. Ирска

Јужна Кореја – лидер во образованието

Јужна Кореја континуирано се наоѓа на врвот на листата поради својот ригорозен наставен план, високи резултати на учениците и силен фокус на квалитетот на наставниците. Образованието е длабоко вреднувано во корејското општество, а учениците често посетуваат дополнителни академии по редовната настава, познати како „хагвони“.

Европските земји, вклучувајќи ги Данска, Холандија, Белгија и Словенија, се исто така високо рангирани. Тие се познати по своите прогресивни образовни политики, ниски школарини и универзитети со врвна репутација и одличен студентски живот.

Јапонија и Германија – синоними за иновација и структура

Јапонија го зазема 6. место благодарение на нејзиниот дисциплински пристап и учење базирано на технологија. Германија, пак, се истакнува со својот „двоен“ образовен систем што е комбинација од стручна обука и теоретска настава.

Зошто е важно?

Како што е споменато погоре, силниот образовен систем е одраз на економскиот напредок на една земја. Тој подготвува идни генерации за иновации, продуктивност и одговорно граѓанство. Земјите со повисоки образовни рангирања имаат подобри резултати во области како што се здравството, економијата и владеењето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи
Следна Статија Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, повредени неколку лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја.…

March 6, 2025
СВЕТ

Израелски медиуми: Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа

Бенјамин Нетанјаху ќе предложи повторна целосна окупација на Појасот Газа кога ќе го свика својот безбедносен кабинет оваа недела, објавија…

August 5, 2025
СВЕТ

Кремљ позитивно го оцени дијалогот Путин-Трамп

Кремљ денеска ги оцени како ветувачки разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, во време кога…

February 23, 2025
СВЕТ

Трамп одново ја „кани“ Канада да стане дел од САД

Oткако канадскиот премиер Џастин Трудо ја објави својата оставка, новоизбраниот претседател Трамп го повтори својот предлог за обединување на Канада…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?