Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова се најскапите туристички дестинации за оваа година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Roadtrip > Ова се најскапите туристички дестинации за оваа година
Roadtrip

Ова се најскапите туристички дестинации за оваа година

Објавено July 1, 2026 13:02
Сподели
Сподели

Патувањата, се вели, не се секогаш евтини, но честопати вредат за секој денар, бидејќи носат спомени и искуства што остануваат за цел живот. Сепак, некои патувања се значително поскапи од други, а според новите податоци од страницата за патнички осигурувања „Сквермаут“ (Squaremouth), луѓето денес се подготвени да издвојат повеќе пари за своите патувања од соништата за оваа година.

Имено, од 6.000 анкетирани корисници, 45 отсто рекле дека го зголемуваат својот буџет за патување во 2026 година, додека повеќе од половина истовремено си ги намалуваат другите трошоци. Дополнително, 23 отсто од испитаниците рекле дека планираат да потрошат повеќе за одбрани патувања од својата листа желби. Платформата „Сквермаут“ издаде индекс на најскапите туристички дестинации за 2026 година за да утврди каде патниците трошат најмногу пари. Врз основа на просечните трошоци во пет категории – дневни патни трошоци, авионски билети, сместување, изнајмување автомобили и дневни трошоци за храна и пијалоци, издвоени се 10-те најскапи туристички дестинации во 2026 година.

Тоа се: 1. Гренланд, 2. Британски Девствени Острови, 3. Француска Полинезија, 4. Антарктик, 5. Малдиви, 6. Швајцарија, 7. Зимбабве, 8. Острови Туркс и Кајкос, 9. Боцвана и 10. Ангвила.

Порталот ги анализира сопствените податоци за продажба меѓу април 2025. и април 2026 година, цените на авионските билети во економска класа од „Гугл травел флајтс“ (Google Travel Flights) за летови меѓу 12. и 19 септември 2026 година, како и наводите за трошоците за сместување од „КАЈАК“ (KAYAK).

– Видовме јасни знаци дека патниците ги намалуваат буџетите на други места оваа година за да си дозволат „премиум“ патувања, а видовите патувања и дестинации во овој извештај не се оние каде што е лесно да се апсорбира финансиската загуба и да се продолжи понатаму, изјави Криси Валдез, виш директор за операции во „Сквермаут“.

Според индексот, најскапите видови патувања во 2026 година се експедициски патувања, по што следат патувањата на острови и плажи, како и сафари-дестинациите со диви животни.

Патниците, според истражувањето, исто така, сакаат да трошат повеќе и на луксузни искуства, како престој во бунгалов над вода, на Малдивите.

Ова се претежно оддалечени места за коишто треба долго патување, се нудат помалку опции за превоз, што секако значи поголема вкупната цена. Патувањата до Антарктикот, на пр., пресметани врз основа на цената на кружно патување до најјужниот град во ветот – Ушуаја во Аргентина, се најскапи, со просечна цена од 26.860 евра за 18-дневното патешетвие. Руанда, пак, има највисока просечна дневна цена за патување, од 1.411 евра, додека и уникатните авантури како сафари во Зимбабве се меѓу најскапите патувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем љубовен пресврт за еден хороскопски знак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Roadtrip

Eрбас повика на итно софтверско ажурирање на A320

Erbas повика на итно софтверско ажурирање на над 6.000 авиони A320 поради влијание на сончевото зрачење. Европскиот производител на авиони…

November 29, 2025
СВЕТ

Санчез: Американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави во интервју за весникот „Вангардија“ дека евентуална американска инвазија врз Гренланд „би го направила Путин…

January 18, 2026
Roadtrip

Во кои земји е најчистата вода за пливање?

Најновата анализа на Европската агенција за животна средина (EEA), која опфати 22.127 крајбрежни, езерски и речни локации, покажува дека 85…

August 7, 2025
Roadtrip

Хаос со лет на „Виз ер“: Наместо во Белград, патници завршиле во Скопје

Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?