Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Овие работи никогаш не треба да му ги откриете на “ChatGPT”
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Овие работи никогаш не треба да му ги откриете на “ChatGPT”
ЗАБАВА

Овие работи никогаш не треба да му ги откриете на “ChatGPT”

Објавено May 12, 2025 20:20
Сподели
Сподели

Големите јазични модели, односно алатките со вештачка интелигенција, речиси станаа составен дел од секојдневието. Дури и ако не ги користите активно секој ден, постои голема веројатност дека користите некоја услуга која во позадина функционира со помош на модел на “AI” како што се “ChatGPT”, “Gemini”, “Perplexity” и слични.

Иако многумина се потпираат на овие алатки за поддршка во секојдневните обврски – и деловни и приватни – не се секогаш свесни дека секоја употреба на “AI” претставува и потенцијален безбедносен ризик.

Луѓето, во желба што побрзо да завршат некоја задача, често му откриваат на “ChatGPT” и другите “AI” модели чувствителни и приватни информации кои не би требало да ги споделуваат со никого. Но, “chatbot-от” не е личност, нели?

Во вакви случаи, “AI” моделите треба да се третираат како личности, бидејќи исто како што не би му кажале доверливи информации на случаен минувач на улица, не би требало ни да ги внесувате во разговор со “chatbot”, пишува “ZIMO.hr”.

Иако повеќето компании кои ги развиваат овие алатки тврдат дека не ги користат податоците од корисничките разговори за понатамошна обука на моделите (иако, на пример, “DeepSeek” тоа го прави), сепак податоците остануваат зачувани во вашиот кориснички профил. Доволно е некој да седне пред вашиот компјутер и да ја отвори историјата на разговори со “AI” – и така да дојде до чувствителни информации.

Кои информации не смеете да ги споделувате?

Лични податоци

Без оглед на тоа колку му верувате на “AI”, никогаш не би требало да внесувате лични податоци како полно име и презиме, адреса, матичен број, број од лична карта, пасош или други идентификациски документи. Истото важи и за фотографии од такви документи.

Ако користите “chatbot” за да изработите биографија, побарајте од него шаблон кој ќе го пополните локално на вашиот компјутер, наместо да внесувате вистински податоци.

Финансиски информации

Како што никогаш не би споделиле информации за кредитна или дебитна картичка, банкарска сметка или лозинка за интернет банкарство, истото правило важи и за разговор со “AI” модели.

Ако, на пример, сакате совет за кој кредит најмногу ви одговара или како да заштедите на данок, користете измислени сценарија – не вистински податоци.

Лозинки

Ова и не треба да се објаснува. Споделувањето лозинки за лични или деловни сметки е сериозно небезбедно. Како што не би му дале клуч од вашиот стан на непознат, така не треба да ги давате ни лозинките на chatbot.

Чувствителни или доверливи информации

ChatGPT не е ваш исповедник или најдобар пријател – не откривајте тајни или приватни информации за себе или другите. Работи како кој кого изневерува, што направил колегата на работа, здравствени состојби или семејни детали – не припаѓаат во ваков разговор.

Информации за фирмата во која работите или соработувате

Може да биде примамливо да побарате од “ChatGPT” да состави договор меѓу две фирми, но тоа не е безбедно. Не би требало да му давате пристап до документи со доверливи информации – било да се однесуваат на прототипи, патенти, состаноци, бизнис планови или финансии. Поради овие ризици, некои компании дури целосно го блокираат “ChatGPT” на службените уреди.

Експлицитна содржина

Дури и како шега, барањето упатства за нешто опасно (на пример, „како да се ослободите од некого засекогаш“) може да ве доведе во неволја. “ChatGPT” нема да одговори на такви прашања, а некои “AI” модели таквите барања ги евидентираат и пријавуваат до надлежните институции.

Медицински информации

Иако можете да побарате објаснување на некој медицински термин или да добиете совет за вежби, не внесувајте лични здравствени информации. Наместо тоа, формулирајте го прашањето општо, на пример: „Што би препорачале за маж во 30-тите години кој има проблем со ишијас?“

Заклучок:

Ако не сакате некој да го прочита, објави или повтори вашето прашање на интернет или на огласна табла, тогаш не го пишувајте ни во разговор со “AI” модел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто е натепан менаџерот на Марија Шерифовиќ и Аца Лукас?
Следна Статија Која е Каја Калас која има план „Б“ за Украина, но не и за Македонија: Ја мрази Русија од дното на душата бидејќи семејството и било депортирано во Сибир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

AWS серверите паднале: Влијание врз повеќе онлајн игри

Застој кај Amazon Web Services предизвика прекини во работењето на популарни онлајн игри

December 26, 2025
ЗАБАВА

Цели 70 години собирал монети: Што мислите, колку пари има во ова џиновско стаклено шише?

Еден Американец собирал монети цели 70 години. Наполни огромно стаклено шише. Неговиот внук ги објавил фотографиите на интернет и додал…

October 14, 2024
ЗАБАВА

Ништо нема за џабе: Aнџелина Џоли за 20 милиони долари плачела за Украина, Бен Стилер за 4 се сретнал со Зеленски

Холивудските актери зеле милиони долари преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за да ја посетат Украина, откри најбогатиот човек…

February 7, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Добиле бесплатно патување, но кратко се радувале: На крузерот добиле сметка од 47.000 долари

Мајк Камерон и неговата девојка Тамра Мастерман, пар од Браемар, уживале во бесплатното крстарење по Карибите со норвешката линија за…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?