Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Овошјето станува луксуз, еве за колку поскапело само за една година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Овошјето станува луксуз, еве за колку поскапело само за една година
ЕКОНОМИЈА

Овошјето станува луксуз, еве за колку поскапело само за една година

Објавено May 8, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Македонија се соочува со повисоки цени. Проблем, недоволното домашно производство. И она што го имаме, нема кој да го работи. Па така, двоцифрени поскапувања во проценти кај овошјето и зеленчукот, пет проценти поскапа храна. Вака изгледа споредбата на цените на основните прехранбени продукти во април годинава со истиот месец лани, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Годишната инфлација бележи раст од 2,6 проценти а 2,7 проценти е вкупниот раст на цените на мало, пренесе Телма.

За една година сите прехранбени продукти бележат поскапувања освен маста и маслата кои се продаваат поевтино за 9 проценти. Она што го тврдеа граѓаните го потврди и статистика – цените на овошјето и зеленчукот бележат најголем скок.

Овошјето сега се продава за 26,5 проценти поскапо од лани, зеленчукот за 13 проценти, пет проценти е поскапа храната, 4,7 проценти рибата и морските плодови и 3,2 проценти млекото и млечните производи и јајцата. Цената на местото според статистика е поскапена за само еден процент.

Државниот завод за статистика измери 2,6 проценти годишна инфлација и поскапување од 2,7 проценти кај цените на мало. Кај трошоците за живот најголемо поскапување има кај рестораните и хотелите од 11,38 проценти, кај рекреација и култура – 6,84 проценти, кај алкохолните пијалаци, тутун и наркотици од 5,1 процент и кај здравствената заштита од 4 проценти.

Ако се споредат последните три месеци со истиот период лани може да се забележи дека продолжува трендот на намалување на инфлацијата, бидејќи во февруари била 5 проценти, во март 2,73 проценти, а во април 2,64 проценти. Повеќе на Телма.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Роналдо и третата сезона без титула – ги нападна своите соиграчи
Следна Статија Таравари: Не можеме да седиме на две столици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните

Државата нема да се фаворизира трет оператор, ако одиме со трет оператор нема да одиме со непосредна спогодба, туку ќе…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски oчекува до крајот на годината невработеноста да биде под 9 отсто

До крајот на годината невработеноста во Република Македонија очекувам да биде под 9%, ијави денеска премиерот на Република Македонија Христијан…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прва жена машиновозач почна да работи во МЖ Транспорт

Зорица Божинова, првата жена со лиценца за машиновозач во Р. Македонија🇲🇰 од денес и официјално вработена во МЖ Транспорт Нека…

June 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Без алкохол, цигари, летување во странство бидејќи се луксуз – новата потрошувачка кошничка ќе биде презентирана следната недела

Просечната потрошувачка кошничка нема да служи нити за креирање на јавно мислење, ни за политиканство како што претходно се правело,…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?