Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Огромен проект: Манчестер Јунајтед ќе гради ултра модерен и најголем стадион во Англија!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Огромен проект: Манчестер Јунајтед ќе гради ултра модерен и најголем стадион во Англија!
СПОРТ

Огромен проект: Манчестер Јунајтед ќе гради ултра модерен и најголем стадион во Англија!

Објавено March 11, 2025 13:34
Сподели
Сподели

Манчестер Јунајтед како клуб добил позитивни реакции од британската влада за активирање на мега проект од кој треба да профитираат сите страни во дадената операција, бидејќи планот за изграда на нов стадион треба да означи еден нов возбудлив старт за фудбалскиот великан, но исто така да допринесе многу за општеството, како и за луѓето кои живеат во близина на „Олд Трафорд“.

Јунајтед денеска преку официјално соопштение ја извести јавноста дека започната е акција за изградба на нов ултра модерен стадион по стандардите на најголемите клубови во Европа, со тоа што новиот дом на Манчестер треба да биде најголемиот стадион во Англија.

Планот е капацитетот на новиот „Олд Трафорд“ да биде 100 илјади столчиња, а притоа прикажани се и првите макети и планови за тоа како треба да изгледа спектакуларниот дом на „црвените ѓаволи“.

-Денес го означуваме стартот на едно неверојатно возбудливо патување во кое целта е да се испорача најголемиот фудбалски стадион во светот, централно веднаш до реновираниот „Олд Трафорд“. Нашиот сегашен стадион брилијантно ни служи во изминатите 115 години, но заостанува зад најдобрите арени во светскиот спорт. Со градење на нов стадион веднаш до оној стариот на постоечката локација, ќе можеме да ја зачуваме суштината на „Олд Трафорд“, истовремено создавајќи навистина најсовремен стадион кој ќе го трансформира искуството на навивачите, кои и натаму ќе останат на само неколку чекори од нашиот историски дом.

Подеднакво важна е можноста новиот стадион да биде катализатор за социјално и економско обновување на областа „Олд Трафорд“, создавајќи работни места и инвестиции, не само за време на фазата на изградба, туку и на трајна основа кога ќе заврши целото градење на стадионот, но и околу него. Владата ги идентификуваше инфраструктурните инвестиции како стратешки приоритет, особено на северот на Англија, и ние сме горди што ја поддржуваме таа мисија со овој проект од национално, но и локално значење, – вели Сер Џим Ретклиф, еден од косопствениците на Манчестер Јунајтед.

Засега не се дава проценка кога би можеле да стартуваат градежните работи, но проценката е дека за реализација на целиот проект ќе бидат потребни 2 милјарди фунти.

https://www.facebook.com/share/v/1BjnkJ6Q4x

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР: Уапсени 11 лица, поднесени кривични пријави против Капушевски, Јахоски и Сулкоски
Следна Статија Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ивановски: Секогаш достоинствено ги бранам боите на Македонија

„Уживајте во денот“, порача македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од победничкиот пиедестал на кој се искачи откако денеска победи на 21…

October 5, 2025
СПОРТ

Синер за допингот: Убеден сум дека ништо не се случува случајно

Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер раскажа како случајот со допинг влијаел врз неговиот живот. – Најтешко е што…

October 24, 2024
СПОРТ

Милевски го објави списокот за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4.…

August 27, 2025
СПОРТ

(Видео) Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута славеше над Интер, Брест е сензацијата во ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид ја прекинаа серијата од два порази со триумфот во Бергамо против Аталанта 3.2 (1:1). Покрај Реал,…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?