Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
БАЛКАН

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан

Објавено February 16, 2025 12:12
Сподели
Сподели

Првите исплати од Европскиот план за раст  нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК), плаќањата нема да се вршат пред средината на оваа година, јави РСЕ.

„Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, откако ќе се исполнат соодветните услови“, се наведува во писмената реакција од таа институција.

Како што објаснуваат упатените, проблемот е во земјите од регионот што треба да постигнат договор за заем со Европската унија, бидејќи едни финансиски средства се во форма на заеми, а други во форма на грантови. А таквите договори имаат карактер на меѓународни договори и затоа мора да бидат ратификувани од парламентите на тие земји.

„Изгледа дека овојпат ЕУ е поподготвена да изврши плаќања од овој пакет отколку што се подготвени да ги добијат земјите од регионот“, изјави извор од Брисел за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Од Европската комисија нема прецизно објаснување во која фаза е секоја земја од регионот во однос на обврските неопходни за започнување на плаќањата.

„За да започнат реформите, земјите може да побараат до 7 отсто од предфинансирањето од вкупниот износ предвиден со овој инструмент (од првичниот индикативен износ на финансирање што е достапен за секој корисник). Ова го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди (освен Босна и Херцеговина, која се уште не доставила)“, се наведува во одговорот на Европската комисија.

За да може да добие финансиска помош од Планот за раст, од секоја земја во регионот се бараше да развие реформска агенда која потоа беше одобрена од ЕК. Босна и Херцеговина е единствената земја која нема одобрена агенда бидејќи Сараево до Брисел достави нецелосен документ кој не ги исполнува критериумите на ЕК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Коментарот на Медведев за казната на Синер одекна во светот на тенисот
Следна Статија Таравари: Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хорор во регионот: Мајка се породила и го фрлила бебето во тревник, ја пронашле крвава на влез од зграда

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад ќе поднесат кривична пријава против М. К. (39) од овој град,…

October 20, 2025
БАЛКАН

„Диела“ сепак нема да биде дел од албанската влада

Албанскиот претседател Бајрам Бегај потпиша уредби за 16 од вкупно 17 министри во новата влада „Рама 4“, по предлогот на…

September 16, 2025
БАЛКАН

Екс српскиот министер за градежништво – Горан Весиќ штрајкува со глад

Екс српскиот министер Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, започна штрајк со глад. По информациите кои се појавија…

November 22, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Во Белград се одржува голема воена парада на српската армија

Во Белград се одржува воена парада – „Силата на единството“ по повод одбележување на Денот на српското единство, слобода и…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?