Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Еколошка катастрофа: Се излеале 17 тони нафта во морето кај хрватскиот остров Хвар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Видео) Еколошка катастрофа: Се излеале 17 тони нафта во морето кај хрватскиот остров Хвар
БАЛКАН

(Видео) Еколошка катастрофа: Се излеале 17 тони нафта во морето кај хрватскиот остров Хвар

Објавено April 25, 2025 14:12
Сподели
Сподели

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.

Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.

„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.

За инцидентот проговори и ИНА.

„Можеме да потврдиме дека на поморската бензинска станица ИНА во пристаништето Крижна Лука на Хвар, во текот на ноќта дошло до ненадејно истекување на дизел гориво од резервоарот. Веднаш откако било забележано истекувањето, во текот на утрото биле активирани сите пропишани протоколи. Сите специјализирани служби за итни случаи се на терен и со нас работат на санирање и спречување на горивото во околината“.

Хрватските медиуми пренесуваат дека количината на нафта која се излеала била 17 тони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого, рече Муцунски
Следна Статија Експлозија на автомобил во Москва, загина висок руски генерал (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Кучињата му се викаат „Ракија“ и „Пиво“: Кој е Марк Брновиќ, новиот амбасадор на Америка во Србија

Марк Брновиќ, кој беше предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор на САД во Србија, е американски адвокат и…

March 29, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) “Македонија е грчка“ извикуваше грчката армија на прославата на Денот на независноста

Грчката армија завчера го прослави Денот на назависноста. На видеото што е објавено на мрежата „Х“ се слуша како војнците…

March 27, 2025
БАЛКАН

„Виножито“ седум години бара од Вселенскиот патријарх Вартоломеј богослужбите во Грција да бидат на македонски јазик

Седум години партијата на етничките Македонци во Грција Виножито чека на одговор од вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивното писмо во…

May 13, 2026
БАЛКАН

По Заев, руските комичари го насамарија и Курти (ВИДЕО)

Руските комичари Алексеј Владимирович Столјаров и Владимир Александрович Кузњецов, односно Лексус и Вован, познати по нивните имитации со кои измамија…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?