Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одложено судењето за експретседателката на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одложено судењето за експретседателката на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Одложено судењето за експретседателката на ДКСК

Објавено January 13, 2026 12:15
Сподели
Сподели

Денешното судско рочиште во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, беше одложено бидејќи Апелацискиот суд сè уште нема донесено одлука за тоа кое обвинителство е надлежно за водење на постапката.

Како што беше соопштено на денешното рочиште, се чека одлука дали предметот ќе го преземе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција или Основното јавно обвинителство. Одложувањето следува по жалба поднесена од одбраната на обвинетата Билјана Петровска-Мантева, која во овој предмет се товари за одавање службена тајна.

Димитровска е обвинета за две кривични дела – одавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и за компјутерски фалсификат, односно дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.

Покрај Димитровска, на обвинителна клупа седнаа и ревизорот Столевски, како и обвинетите Борче Најдов и Билјана Петровска-Мантева. Во текот на досегашната постапка Обвинителството побара предметот да се спои со случајот „Адитив“, но судот одлучи постапката да се раздвои само во однос на обвинетиот Борче Најдов.

Бранителот на Димитровска, адвокатот Владимир Туфегџиќ, тврди дека информациите што таа ги споделила не претставуваат службена тајна, туку се јавно достапни податоци, а за делото поврзано со сертификатот посочува дека клучни биле безбедносните проверки на Агенцијата за национална безбедност, а не самиот тест. Одбраната најави сведочење на претставници од АНБ и од ДКСК и очекува ослободителна пресуда.

Од Обвинителството, пак, посочуваат дека располагаат со цврсти материјални и вербални докази и дека анализата на податоците екстрахирани од мобилниот телефон на Димитровска, кои опфаќаат речиси 250.000 електронски записи, е при крај.

Ново рочиште за случајот е закажано за 18 февруари оваа година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Збогум на неуредните електрични разводни кутии: Елегантно решение за среден простор
Следна Статија Trump says he’s “inclined to keep Exxon out” of Venezuela after CEO’s remarks – Axios

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски најави набавка на униформи: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ ги образложија кандидатурите пред собраниската комисија

Во продолжението на 26-тата седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата се расправаше за кандидатурите на кандидатите…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паркот „Жена Борец“ во Скопје мета на вандали

Превртени и искршени кулупи и канти за отпад - ваква е сликата во „Жена парк – Борец“, симболот на Скопје во…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени

Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?